ИМААТ РЕЧИСИ ПО 90 ГОДИНИ Најпознатите баби на Инстаграм развијаа „опасен“ бизнис

December 26, 2025
4 mins read

Две искусни
баби од Апулија, во поодмината возраст, станаа ѕвезди на Инстаграм благодарение
на своите кулинарски вештини, кои ги „зачинија“ со хумор и добра забава.

Искусните
раце ги водат прстите на почетниците низ растегливото тесто, охрабрувајќи ги да
ја стават фокачата во плех пред да ја надополнат со сочни домати и лук. Откако
ќе се посипе со сув
о
оригано и обилно ќе се прелие со маслиново масло, подготвена е за печката на
дрва.

Учителката е Грацијела Инкампо, 89-годишна жена
која може да се нарече италијански одговор на кулинарската икона Џулија Чајлд.
Таа и нејзината пријателка од детството, 88-годишната Тереза Калија, станаа
вистинска сензација на социјалните мрежи, привлекувајќи милиони прегледи на
Инстаграм и безброј посетители во најстарата пекара во италијанскиот регион
Апулија, пишува CNN.

Ѕвезди од
Инстаграм

Нивните
необични видеа ги прикажуваат како танцуваат на електронска музика, свират
гитара и мешаат маргарити – и тоа не каде било, туку во корита. Во едно видео
наполнија векна леб долга еден метар со свежа страчатела, изрендаа домати и сè
заокружија со пршут
а
копа.

За лекција
за подготовка на пармиџана, Калија стави стара воена кацига на главата, додека
Инкампо носеше жолти очила додека го пржеа модриот патлиџан, мешајќи ја смесата
од јајца со вилушка прикачена на бушилица.

Како сет за
снимање им служи сенковит двор со средновековен свод, сместен спроти пекарата
Antico Forno Santa Caterina, основана уште во 1307 година во градот Алтамура.
Сето тоа е дел од посебната програма на пекарата наречена Bread Experience –
кулинарско патување низ историјата, пекарството, производството на сирење и
билните лекови.

Вкусови
што се споделуваат со гостите

За да се
ужива во деликатесите не е неопходно учество во турата. Јадењата подготвени за
видеата се делат со гостите што седат на масите во дворот, уживајќи во фокача,
тестенини орекијете и сендвичи од пекарата. Редицата за влез во малата
продавница понекогаш се протега по целата уличка сè до главната пешачка зона.
Кога гужвата е голема, Инкампо и Калија полнат послужавник со свежо печени
крекери и ги служат на оние што чекаат.

„Сè беше
вкусно!“

Многу
посетители, како Галина Нанкова од Пловдив во Бугарија, ја откриле пекарата
преку социјалните мрежи.

„Го сфатив
тоа како знак. Во рок од еден месец испланирав патување во Бари со моето момче.
Се погрижив Алтамура – а особено Forno Santa Caterina – да ги додадеме на
нашата листа на места што мора да ги посетиме“, напишала таа.

Посетителите
се воодушевени од средбата со бабите, кои заедно имаат 45 внуци.

„Не очекував
дека ќе биде толку прекрасно! Местото е автентично, ништо не е прилагодено за
туризам. Моето семејство и јас седнавме на ручек, со леб и фокача печени во
печката на Santa Caterina, како и орекијете во доматен сос и печено пилешко. За
десерт имавме домашни колачи. Сè беше вкусно!“, раскажа Џулијана Нардела од
Бразил, која ги посети претходно оваа година, па додаде: „А големото
изненадување – Грацијела и Тереза беа таму! Беа многу љубезни.“

Сè
започна како шега

Виралните
видеа започнале „како некој вид шега“, вели Џакомо Баратини, правнук на госпоѓа
Инкампо, кој ги снима содржините со својот ајфон. Тој и група пријатели биле
разочарани од затворањето на најстарата пекара во градот, па решиле да преземат
нешто. Ги здружиле средствата и повторно ја отвориле во 2023 година.

Баратини ја
ангажирал својата прабаба и нејзината пријателка со нивната заразна смисла за
забава да помогнат во ширењето на приказната. На бабите толку многу им се
допаднало снимањето што тоа станало секојдневен ритуал.

„Две баби –
тие се многу смешни и среќни секој ден. Многу се смеат, многу се насмевнуваат.
Тоа е нивна животна филозофија. Помислив: зошто да не ја поврзам
традиционалната храна со нивната филозофија – дека малите нешта се добри“,
објаснува Баратини.

Секој ден
тоа се претвора во видео-демонстрација за готвење, празнична честитка или, како
во случајот со смртта на папата Јован Павле Втори, порака со сочувство.

„Секој ден
ги прашувам: што сакате да правите? И ние го правиме тоа.“

Амбасадорки на заборавениот град

Во тој
процес Инкампо и Калија станаа неофицијални амбасадорки на градот со 70.000
жители, кој туристите ретко го посетуваат. Додека блиските Матера и Алберобело
станаа неизбежни туристички дестинации, Алтамура ја заобиколувале дури и многу
Италијанци, и покрај тоа што е позната по Алтамурскиот човек – фосилизиран
неандерталец откриен во близина во 1993 година. Сè се промени со појавата на
видеата.

Двете ѕвезди
пораснале во околината на градот, учејќи уште од мали нозе тајни на
земјоделството и готвењето. Мајката на госпоѓа Инкампо ѝ ја пренела тајната на
квасецот стара со генерации. Измешан со брашно од дурум пченица и печен во
древна печка, тој станува Pane di Altamura – леб со крцкава кора и јаткаста
внатрешност.

Леб со
заштитено потекло

Благодарение
на својата трајност, овој леб бил основна храна на древните земјоделци и
овчари. Денес носи сертификат за заштитена географска ознака на ЕУ, што значи
дека вистинскиот може да се произведува само во Алтамура, од локални состојки.
Некогаш семејствата го меселе лебот дома, а потоа го носеле на печење во една
од градските печки, обележувајќи ги своите векни со единствен печат.

Не станува
збор за парите

Иако
печатите повеќе не се потребни, тие се дел од традицијата што Баратини сака да
ја зачува.

„Размислував
за онлајн продажба, но не станува збор само за пари. Сакам луѓето да дојдат
овде и да видат како се прави лебот. Во спротивно, тоа не може да се разбере.“

Со тоа се
согласуваат и
њујорчаните
Елејн Танела и нејзиниот сопруг Дамир Узниќ, кои се пријавиле за
четиричасовното искуство Bread Experience.

„Звучеше
како одличен начин да се помине денот, да се види печка стара стотици години и
да се доживее локална млекарска работилница во која се прават моцарела и
бурата“, рече Танела.

Таа ја опиша
посетата како „апсолутно неверојатно“ искуство – од дегустацијата на топла
бриош-погача до неуспешниот обид да направат тестенини орекијете, кога ноните
нежно им ставиле до знаење дека нивните „мали уши“ не излегле баш најдобро.

Од пазар
до сирење

Турата ја
продолжиле со посета на локалниот пазар и блиската млекара на семејството
Дичеча, каде што гледале како третата генерација сирари, Анџело Антонио Дичеча,
вади свежа страчатела и ја врзува во јазли за најдобрите ресторани во регионот.

За многу
посетители, штандот на Пјерино Карлучи на пазарот бил омилена станица. Карлучи
е локална легенда, познат по билните лекови и исклучителното гостопримство.
Кога Танела прашала како се подготвуваат локалните полжави, тој инсистирал таа
и нејзиниот сопруг да им се придружат на вечера, бидејќи неговата сопруга токму
тој ден ги подготвувала.

Зачувување
на традицијата и враќање кон корените

Таквата
љубезност е карактеристична за Алтамура. Баратини (32) и неговите пријатели ги
напуштиле работните места во големите градови и се вратиле за да го оживеат
својот роден крај.

„Го сакам
мојот град. Сакам луѓето да го доживеат вистинскиот живот, ова вистинско
место“, изјави тој.

Порано оваа
година, црковните старешини ги замолиле да помогнат во обезбедувањето на
иднината на слаткарницата Pasticceria delle Monache, каде што уште од 1597
година калуѓерки печеле бадемови колачи. Баратини и пријателите го презеле
бизнисот за да ја сочуваат традицијата, додале и неколку модерни елементи како
сладолед и кафе, и свечено ја отвориле повторно кон крајот на јули.

Се разбира,
слаткарницата има и свој Инстаграм-профил. Но без бабите – тешко е да се
натпреварува.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доргу во стилот на Зидан за победа на Манчестер Ј. на „Боксинг деј“

Следно

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

Latest from Blog

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

„Подготвена сум да одам. Не сакам да задоцнам“, ѝ рекла Елизабет Тејлор на медицинската сестра на смртната постела, само неколку минути пред да ги затвори очите и да почине. Тоа било на

Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за

Празнична магија во Битола: Новогодишен базар во ООУ „Гоце Делчев“ ги собра учениците и граѓаните

Вечерва, во Битола, дворот на ООУ „Гоце Делчев“ беше исполнет со празнична атмосфера, каде што голем број ученици, родители и граѓани присуствуваа на новогодишниот училишен базар. Настанот привлече внимание како еден од
Go toTop