Има ли право Риз Витерспун да јаде снег?

January 25, 2024
1 min read

Таму кајшто живее паднало снег. Витерспун фатила да снима со мобилен за да го покаже на ТикТок „рецептот“ за снежно чокочино. Со шоља грабнуваш од тазе снегот па му додаваш чоколаден сируп, солена карамела, ладно кафе…

И тоа би било тоа. Ама не во 2023 година. Епизодата стигна до медиумски аутлети како Салон, Хафингтон и слични, кои сериозно го коментираа потегот на актерката, небаре се работи за анализа на некој светски самит.

„Дел од онлајн јавноста изрази скептицизам околу прашањето дали рецептот на Витерспун е безбеден и здрав,“ помпезно ќе напише Салон.

Се дигна крајно непотребна џева, толкава што глумицата мораше да се дообјаснува и да се брани дека ништо лошо нема во тоа што го направила. И ги потсети „загрижените“ дека само еднаш се живее. Притоа дополнително шокираше некои од онлајн пицајлзите откривајќи им дека има пораснато во куќа во која се пиело вода од чешма. Уау!

Хафпост пак, не останаа на ова туку решија и да консултираат експерт, тоест да ѝ досаѓаат на некоја професорка кој се согласила со Витерспун и рекла дека нема ништо страшно во тоa.

„Снегот може да кумулира контаминанти од воздухот и почвата, но концентрациите се мали и дека грст снег не опасен, “ гласи експертизата на професорката Стејси Симонич.

А во врска со скандалот се произнел и педијатар кој порачал дека тајната е во умереноста.

Ете така.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ана Павловска-Данева е нов предлог за уставен судија наместо Јовески

Следно

Реал го надмина Манчестер Сити на листата на најпрофитабилни клубови

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop