Илон Маск ја критикуваше церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз поради изведбата на транвеститите

July 29, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Илон Маск изрази незадоволство поради вклучувањето транвестити на церемонијата за отворањето на Олимписките игри во Париз, особено изведбата која потсетува на „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи, јавува Анадолу.

Сегментот предизвика реакција од десничарите, а Маск се приклучи на групата критичари, од кои многумина се спротивставија на изразената непочит кон христијаните.

Организаторите на Игрите подоцна се извинија за каква било навреда што ја предизвикале со изведбата, која евоцираше моменти од сликата што го прикажува моментот кога Исус Христос им објавува на своите 12 ученици дека еден од нив ќе го предаде.

Преку платформата X, Маск го сподели своето неодобрување и ја нагласи својата поента одговарајќи со фотографии една до друга споредувајќи ја изведбата со сликата на Да Винчи. „Христијанството стана без заби“, посочи тој во објавата.

Како што растеше контроверзноста, предизвикувајќи реакции и од други значајни личности како Доналд Трамп Џуниор, Маск го повтори својот став во саботата. „Доколку нема поголема храброст да се застане покрај она што е праведно и правилно, христијанството ќе исчезне“, напиша тој.

Коментарите на Маск се проширија и надвор од Олимписката церемонија. Одговарајќи на објавата за Монтана, која ги забрани часовите на читање приказни од страна на транвестити во државните училишта и библиотеки, тој напиша: „Браво. Оставете ги децата намира“. Во врска со поплаките за доминирањето на трансродовите знамиња, Маск напиша: „Точно, тоа отиде предалеку. Прифаќањето е во ред, но немилосрдното промовирање каде и да одите не е кул“.

Покрај неговите критики, Маск ги сподели и неговите лични верувања: „Верувам во принципите на христијанството како сакај го ближниот како себе (имај емпатија за сите) и да го свртиш другиот образ (да се стави крај на циклусот на одмазда).“

Сепак, не сите аспекти од церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз беа разочарување за Маск. Тој посочи еден момент: „Ласерите беа одлични.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прашањето што го куртули Ферари од дипфејк измама

Следно

САД со нова опрема за поддршка на армијата

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop