Илјадници Венецуелци маршираа во Каракас, бараат враќање на децата за кои се тврди дека се задржани во САД

July 11, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Илјадници граѓани се собраа во главниот венецуелски град Каракас, повикувајќи на враќање на децата што, според властите, биле одделени од своите семејства и се наоѓаат во САД, јавува Анадолу.

Протестите, на кои учествуваа мајки, баби и други роднини на малолетниците, како и роднини на Венецуелци кои наводно се притворени во Ел Салвадор, имаа цел да ја направат оваа ситуација видлива и да се побара меѓународен одговор.

Демонстрантите носеа транспаренти со натпис „СОС“ и фотографии од децата, праќајќи итен апел до светската јавност.

Според официјални извори, венецуелските власти постојано алармираат за, како што велат, „кражба“ или незаконско задржување на малолетници од страна на американските институции.

Според Владата, бројот на вакви случаи надминува 30.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обид за убиство во Битола, поведена истрага

Следно

Претставен новиот менаџер на Ред Бул – Лорен Мекиес

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop