Илјадници на протестен марш во Лондон: Повик за прекин на огнот во Газа и стопирање на продажбата на оружје на Израел

September 8, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Илјадници луѓе вчера маршираа кон израелската амбасада во Лондон за да повикаат на итен прекин на огнот во Појасот Газа и да се запре испораката на оружје за Израел, известува Анадолу.

Насобраните пред Пикадили во центарот на Лондон пешачеа до израелската амбасада, во марш што се одржа по 19-ти пат од октомври минатата година.

Носејќи палестински знамиња, демонстрантите повикаа на итен прекин на огнот во Појасот Газа и целосен прекин на испораката на оружје за Израел бидејќи повеќе од 40.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври.

Британската Влада во понеделникот објави дека суспендирала 30 од 350 дозволи за извоз на оружје за Израел по спроведената ревизија, предупредувајќи дека постои јасен ризик одреден извоз на британско оружје во Израел да биде искористено за извршување или олеснување на сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право.

Триесетте лиценци покриваат компоненти за воени авиони, хеликоптери, беспилотни летала и предмети кои помагаат за таргетирање на копнени цели, со исклучок на компонентите од Велика Британија за програмата за борбени авиони Ф-35.

Извикувајќи пропалестински слогани, демонстрантите ја повикаа британската влада да стори повеќе за да го запре тековното убивање во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Ние сакаме и ќе ја изградиме пругата кон Бугарија, но поевтино и порационално

Следно

Балансерот останува на сила, но ќе се дебатира за негово укинување

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop