Илјадници луѓе на собирот во Париз за поддршка на Палестина

November 3, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Во Париз, главниот град на Франција, повторно се одржа голем собир на солидарност со Палестина, во екот на интензивните напади на Појасот Газа, известува Анадолу.

Илјадници граѓани се собраа на познатиот „Плоштад де ла Републик“​​​​​​​ во Париз во знак на поддршка поради израелските бомбардирања на Газа.

Насобраните носеа знамиња на Палестина и транспаренти на кои пишуваше „Израел врши геноцид“, „Запрете го масакрот во Газа“, „Сакаме итен прекин на огнот“ и „Слободна Палестина“.

Граѓаните ги извикуваа и слоганите „Во Газа убија деца, во Газа е убиено човештвото“.

Демонстрантите порачаа дека сакаат на овој начин да ја покажат солидарноста со палестинскиот народ и да ги осудат израелските злосторства во Газа.

Собирот одобрен од полицијата помина без инциденти.

Во Париз за сабота се најавени нови протести за поддршка на палестинскиот народ во Газа.

Во француската престолнина изминатите денови беа организирани неколку пропалестински собири.

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни авионски бомбардирања по нападот што палестинската група Хамас го изведе врз Израел на 7 октомври.

Во израелските напади на Појасот Газа во изминатите 24 часа се убиени уште 265 Палестинци, со што вкупниот број е зголемен на 9.061, објави вчера палестинското Министерство за здравство. Истовремено се убиени 1.538 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно, дождови, силен ветер…

Следно

Светска премиера на целосно новиот Škoda Superb: Повеќе простор и удобност, шест ефикасни мотори и иновативни безбедносни системи

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop