Илјадници евакуирани во Тајван поради тајфунот Хаикуи

September 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Илјадници луѓе се евакуирани во Тајван пред налетот на тајфунот Хаикуи кој се очекува да донесе пороен дожд и силен ветер на југот и истокот на островот, пред да продолжи кон запад, во југоисточната кинеска покраина Фуџијан, пренесува Анадолу.

Речиси 3.000 лица се евакуирани, а домашните летови се откажани од двете главни авиокомпании на островот, поради тајфунот кој се предвидува да стигне до копното в недела навечер, објави локалниот весник на англиски јазик „Тајпеи Тајмс“.

Властите ја откажаа наставата и прогласија слободен ден за работниците во неколку окрузи и градови на истокот и југот пред пристигнувањето на тајфунот, првиот кој го зафаќа островот и кој ќе го премине неговиот централен планински венец во последните четири години.

Хаикуи е многу послаба бура од тајфунот Саола што во саботата ги погоди Хонг Конг и јужната кинеска покраина Гуангдонг.

Се очекува тајфунот на Тајван да стигне со намалена категорија 1 и 2.

Во меѓувреме, тајфунот Саола ослабе откако вчера напладне по вторпат го зафати Јангјанг, јужната кинеска покраина Гуангдонг, носејќи силни ветрови и врнежи од дожд.

Надлежните, сепак, предупредија на можни секундарни катастрофи предизвикани од постојаните врнежи од дожд, како поплави и поројни буици.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисот со лекови на Онкологија бил возможен само со знаење на високи структури во клиниката и во власта

Следно

Битиќи и Деспотовски во Франкфурт на потпис на договор за инвестиција на БМЗ во Северна Македонија 

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop