Илире Даути: „Срам да ви е, баравте моја оставка не ми давате да ја образложам“

January 16, 2025
1 min read

Претседателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, денеска поднесе оставка до Собранието.

Оставката следува по петочното изгласување на интерпелацијата против неа од страна на пратениците.

Иако Даути побарала 15 минути на говорница за да ја образложи својата одлука, претседателот на Собранието, Африм Гаши, не и дозволил, што предизвика расправија меѓу пратениците.

Пратеничката Илире Даути не ја напушта собраниската говорница со образложение дека сака да ја обрзаложи оставката од претседателка на Комисијата за социјална политика по изгласаната интерпелација, која утрово ја доставола до Собранието и го обвини претседателот на Парламентот Африм Гаши дека на сила ја држат на функцијата зашто на почетокот на седницата не ја констатирал оставката.

–Не знам поради кои причини вие Африм Гаши на почеток на седница не го констиравте моето разрешување оти утрово доставив неотповиклива оставка и барам 15 минути да ја образложам оставката- рече Даути во процедурално обраќање.

Гаши одговори дека дописот за оставката го добил пред седницата и дека на следната седница ќе ја констатира и таа ќе мож да се обрати пред пратениците.

Во собраниската сала настана мешаница бидејќи Даути не отстапува од барањето сега да ја образложи оставката, додека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ довикуваа дека го прекршува Деловникот.

-Не можеш на сила да ме држиш Гаши,не можеш ни ти Мицевски, бездруго тука ќе се слушне мојот глас за лошиот акт кој го направивте, срам да ви е. Баравте мое разрешување и не може на сила да ме држите. Јас не сум ни ваша ни на Апасиев ни на Мицевски, ни на Гаши. Барам да ја образложам оставката – рече Даути а на Мицевски му дофрли дека него никој не го прашува и дека сега неа и е редот да зборува.

Во собраниската сала настана мешаница бидејќи Даути не отстапува од барањето сега да ја образложи оставката, додека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ довикуваа дека го прекршува Деловникот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пијан Македонец предизвикал сообраќајка во Вараждин по ракометниот натпревар

Следно

Од утре стабилно време со температури кои ќе бидат во пораст!

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја

Ова е фаулот поради кој Елмас го доби првиот црвен картон во кариерата на лигашки меч (Видео)

Ретко се случува Елиф Елмас да добие црвен картон, вечерва на мечот Аталанта – Венеција беше исклучен за првпат во кариерата на еден лигашки натпревар. Претходно, Елмас поцрвенувал само по еднаш во
Go toTop