Илија Димовски побара признавање на Македонците во Бугарија – жестока дебата со Андреј Ковачев на ФБ

October 11, 2026
1 min read

Честитката на Илија Димовски по повод 11 Октомври предизвика остра расправа на Фејсбук со Андреј Ковачев, во која се отворија прашањата за македонскиот идентитет, историското наследство и признавањето на Македонците во Бугарија. Ковачев е бугарски пратеник во Европскиот парламент од групата на Европската народна партија.

Повод за размената на коментари беше објавата на Димовски, која започнува со цитат од АСНОМ за обединување на македонскиот народ. Во честитката Димовски порача дека „нашата историја е подолга од секое денешно искушение“, а „нашата одговорност е поголема од секоја дневна поделба“, завршувајќи со пораката: „Обединета Европа е дом за обединета Македонија“.

Ковачев реагираше со коментар во кој 11 Октомври го нарече „Позорен ден!“. Тој повика на сеќавање на Петар Колев, за кого тврдеше дека бил убиен од Аспарух, употребувајќи навредливи квалификации за него и оспорувајќи го празнувањето на датумот.

 

Димовски одговори со барање Бугарија да го признае македонскиот народ и да го внесе во својот Устав.

„Се надевам дека Бугарија ќе признае постоење на македонскиот народ како конститутивен елемент на бугарската држава и ќе го внесе во Уставот на Бугарија“, напиша Димовски.

Според него, таквиот чекор би претставувал вистински гест на европски вредности и би придонел Македонија и Бугарија да бидат „најдобри соседи и вистински партнери“. Одговорот го заврши со зборовите: „Поздрав од слободниот дел на Македонија“.

Во продолжението на расправата, Ковачев побара прво да се признае „заедничка историја“, наведувајќи повеќе историски личности, меѓу кои Гоце Делчев, Даме Груев и Тодор Александров, како, според неговата формулација, „заеднички македонски Бугари“. Истовремено напиша дека нема проблем со современиот македонски идентитет и јазик.

Ковачев побара и декомунизација во двете држави, а за Македонија употреби и израз „десрбизација“. Коментарот го заврши со пораката на бугарски: „И стига с партизански ‘празници’. Партизаните са бандити!“

Димовски возврати дека е добро да се дискутира, но изнесе став дека денешната бугарска нација во голем дел потекнува од македонскиот народ.

„Вие Бугарите не треба да се плашите од Македонците во Бугарија. Тие се врвните доктори, научници, професори, уметници и спортисти од Бугарија“, напиша тој.

Димовски оцени дека признавањето на македонскиот народ како конституент на современата бугарска нација би ги направило односите пријателски и братски. Во истиот коментар изнесе и обвинување за бугарско бомбардирање на Битола со хемиско оружје во Првата светска војна.

Својот одговор го заврши со лична порака до Ковачев: „Се надевам да сте добри и вие и вашата фамилија“.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: 11 Октомври нè потсетува на храброста и жртвата за Македонија

Следно

Екстра Бонус типови: големи квоти, а малку натпревари (Фото)

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop