Илиевски: Останува жал, мечот беше решен во последните две минути

August 3, 2025
1 min read

Селекторот Марјан Илиевски не го криеше разочарувањето по поразот на Македонија синоќа од Романија со 80:72.

Премиерниот меч на македонските кошаркари во претквалификациите за Светскиот Куп 2027 одигран синоќа беше решен во самиот финиш.

– Искрено жалам за поразот бидејќи во две минути се реши овој меч. Постојано беше егал, потоа за краток период, со една две загубени топки и промашени отворени шутеви, мечот се сврте во полза на гостите. Можеби некој ќе праша зошто земавме брзи шутеви, но тоа беа отворени шутеви и јас секогаш ќе барам од кошаркарски аспект тие шутеви да се земаат, ќе им дадам поддршка на моите играчи. Примивме 25 поени од втора шанса, што е премногу. Знаевме дека тој физички аспект ќе биде главен проблем, но не успеавме да ги запреме Романците. Реков дека ќе не краси брза игра, имавме добри реализации од контранапад, но за жал тоа не беше доволно, изјави Илиевски.

Изрази незадоволство што македонската тактика била пренесена на противникот и покрај обидите за криење на видеата од контролните мечеви со Швајцарија.

– Наше е да сработиме, да се види сето она што ќе го сработиме и сето она што за жал морам да го кажам е патетично – разочаран сум од синдромот на самоуништување. Првите два меча во Гевгелија беа од затворен карактер, настојувавме да ги сочуваме видео-анализите, но Романците стигнаа подготвени за сите наши напади, што е разочарувачки за мене како македонски селектор. Она што е проблем е ако овие играчи се важни во нашата репрезентација, а повторно имаат епизодна улога во своите клубови како и досега, истакна Илиевски на прес-конференцијата по натпреварот во Куманово.

Македонските кошаркари и покрај поразот беа наградени со аплаузи од публиката во Куманово која целосно ги исполни трибините во реновираната сала. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дописникот на Анадолу учествуваше во воздушно пуштање хуманитарна помош во Газа

Следно

Вулкан на Камчатка еруптира за првпат по 600 год

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop