ИЈЗ: Учениците не одат во школски тоалети зашто смрдат, па „закачуваат“ уринарни инфекции

April 9, 2025
2 mins read

Лошите услови во училишните тоалети е причина повеќето од учениците да избегнуваат да ги користат, што подоцна води до чести уринарни инфекции и констипација заради долготрајната задршка на урината и столицата, пишува во последниот Извештај за пристап до вода, хигиена и санитација во училишна средина, кој го објави Институтот за јавно здравје. Оттаму лани, биле извршиле увиди во вкупно 292 училишта, од кои 107 училишта во урбана средина и 185 училишта во урбана средина.

Како што се наведува, примената и достапноста на основни средства за хигиена на раце (сапун) е проблем во одреден број училишта во државата. Во однос на оваа тема, има влошување во однос на претходната 2023 година кога 88,1 отсто во училиштата во урбаните средини и 79,9 отсто во руралните средини имале достапност на хигиенски средства. Процентот на позитивни одговори во однос ова во 2024 изнесува во просек 76,3 отсто во училиштата во урбаните средини, и 68,8 отсто во руралните средини.

„На територијата која административно ја покрива Центарот за јавно здравје – Скопје, во училиштата во урбана средина учат вкупно 19,172 ученици, а во рурална средина, вкупно 1.739 ученици. На ЈП Водовод и канализација се приклучени 29 (72,5 отсто), односно 24 урбани и 5 рурални училишта. На Јавно комунално претпријатие се приклучени 2 (5 отсто) рурални училишта, а 9 (22,5 отсто) се на локален селски водовод. Во однос на безбедноста на водата за пиење, во сите училишта кои се приклучени на градски водовод и ЈКП водата е бактериолошки и физичко-хемиски исправна. Во училиштата приклучени на локален селски водовод, 66,7 отсто од примероците се бактериолошки неисправни, а 33,3 отсто се неисправни во однос на физичко-хемиската анализа“, се наведува во извештајот.

Во него пишува дека од големо значење е точките за вода да бидат поблиску до училниците или и во самите училници, а учениците да се охрабруваат да пијат почесто вода, посебно оние во нижите одделенија.

„За да се намали ризикот од дехидратација на учениците е потребно точките односно местата за безбедна вода да бидат соодветни за возраста и висината на корисниците/учениците вклучително и за лицата со попреченост, за жда ги користат почесто и онолку колку што е потребно. Учениците кои имаат доволен внес на течности/вода во текот на наставата покажуваат повисока способност за краткотрајно памтење и подобри резултати на тестовите за вербална аналогија“, пишува во извештајот.

Увидите на надлежните покажале дека точки за миење раце во самите училници речиси и да нема, односно најчесто се лоцирани во училишните тоалети.

„Лошите услови во училишните тоалети е причина повеќето од учениците да избегнуваат да ги користат, што подоцна води до чести уринарни инфекции и констипација заради долготрајната задршка на урината и столицата. И развиени земји пријавуваат лоша состојба во дел од училиштата дури и во градска средина. Истражување спроведено во Шведска и Обединетото кралство (ОК) покажало дека учениците ги опишуваат тоалетите како непријатни места, смрдливи и застрашувачки каде честопати се случувало насилство од нивните врсници (bullying)“, наведено е во извештајот.

Во делот на препораките, наведено е дека е потребно приклучување на образовните институции во рурални средини на централен или регионален водовод и комплетно елиминирање на можностите да се водоснабдуваат од индивидуални водоснабдителни објекти (извори, селски чешми, бунари).

„Задолжителна обврска на училиштата да биде изработка на Планови за безбедност на водата во согласност со меѓународните стандарди. Училишните тоалети треба да се снабдени со сапун и тоалетна хартија да биде задолжителна обврска на училишните менаџери, а со засилен инспекциски надзор да се следи имплементацијата на таа обврска. Потребна е и п(р)оактивна вклученост на учениците во планирањето и донесувањето на одлуки на ниво на училиште, како и нивна вклученост во следење на трошоците поврзани со водата и другите трошоци на училиштето“, пишува во извештајот.

Антонија Поповска

Извор: Мета.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаник Синер се враќа на тениските терени

Следно

Алкараз: Секогаш велев дека сакам да бидам најдобар во историјата и да седам на иста маса со „големата тројка“

Latest from Blog

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е

Зеленски вели дека САД им дале рок на Украина и Русија за завршување на војната до јуни

Тој им рече на новинарите дека очекува притисок од администрацијата на Доналд Трамп доколку не се исполни рокот до јуни. „Американците предлагаат да се заврши војната до почетокот на ова лето и

Следува период на пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините

Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег. Како што најавува УХМР, поради продор на

Грипот се повлекува, но опасноста останува: Четири починати од почетокот на сезоната

Иако епидемиолошките податоци укажуваат на намалување на бројот на новозаболени, сезонскиот грип и понатаму остава сериозни последици кај најранливите категории. Институтот за јавно здравје информира дека е регистрирана уште една жртва, со

Опуштена средба без формалности: Проданоски „на кафе со младите“ во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со млади од градот, која се одржа во пријатна и опуштена атмосфера, без формални говори и протокол, со цел поттикнување искрен дијалог и размена
Go toTop