ИЈЗ: Продолжува растот на заболени од грип- вирусот најактивен во Кавадарци и Кратово

January 23, 2025
1 min read

Продолжува да расте бројот на заболени лица од грип и слични заболувања. Од 13 до 19 јануари евидентирани се 1.412 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со трета недела од минатата сезона е намален за 15,7 проценти, а во споредба со бројот за трета недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 10,4 отсто, соопштија утрово од Институтот за јавно здравје.

Од новозаболените, 848 лица се на возраст од 15 до 64 години. Во 251 случај станува збор за деца на возраст од пет до 14 години. Додека, 200 се деца на возраст до четири години. Останатите 113 се лица на возраст над 65 години. Заболените се пријавени од 26 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 422, Кавадарци – 150, Куманово – 140, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто.

Во девет извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во осум – сезонска, во пет – средна, во Дебар и Ресен – висока, а во Кавадарци и Кратово – многу висока активност на вирусот на грип.

– Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 3.820, појаснија од Институтот.

Од Институтот потсетија дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

– Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи согласно препораките на СЗО: постарите лица над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници, нагласија оттаму.

Заклучно со трета недела, во Македонија вакцинирани се вкупно 72.348 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари. Почетокот на второто полугодие за учениците и дружењето на луѓето во затворен простор поради ниските температури, се дел од факторите што допринесуваат бројот на заболени да расте во овој период.

– Секоја година се зголемува бројот на заболени од грип до средината на февруари, кога се очекува пикот. Со години тоа е така. Пикот е во втората половина на февруари. Ќе растат бројките уште, но, споредено со минатите години, нема никаква разлика во однос на тоа како е сега. Дури ако споредиме со лани, оваа година состојбата со заболени лица од грип е нешто подобра. Тоа што бројот на заболени ќе расте, не зависи само од училиштата, таква е динамиката на раст на бројот на заболени од грип, изјави деновиве за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ препорачува децата кои веќе имаат развиено симптоми налик на грип, да бидат изолирани и да не одат во училиште.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов пожар во Лос Анџелес: „Хјуз“ предизвика евакуација на 50.000 луѓе

Следно

Ванковска до Силјановска: „Таа ќе глуми чувар на правдата,а тие ќе си тераат по свое!“

Latest from Blog

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни

Речиси 5.000 прекршоци преку „Сејф сити“ за една недела, изречени 288 забрани за возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 02-ри до 08-ми февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно

Дводневна посета на Париз: Македонија ги зајакнува заложбите за Охрид во УНЕСКО

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се
Go toTop