IFRC ги осуди израелските напади врз возилата на итната помош во Газа

November 4, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Меѓународната федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) вчера ги осуди израелските напади на возилата на Итната помош во Појасот Газа, известува Анадолу.

„Ужасни и шокантни слики на напади врз пациенти и возила на Итната помош во близина на болницата Ал Шифа во Газа ме потсетија на гранатирањето на пазарот „Маркале“ во центарот на Сараево“, напиша претседателот на IFRC Франческо Рока на социјалната мрежа Х.

Во својата објава Рока додаде:

„Овие сцени се неприфатливи! Цивилите, возилата на Итната помош, докторите, болниците мора да бидат заштитени. Секогаш.“

Министерството за здравство во Газа соопшти дека 13 Палестинци се убиени, а 26 се повредени вчера во израелските бомбардирања на возилата на Итната помош пред главната капија на болницата Ал Шифа во градот Газа. Во соопштението се додава дека возилата на Итната помош требало да транспортираат одреден број ранети на лекување во Египет.

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници во Појасот Газа, кој се под немилосрдни напади по неочекуваната офанзива на Хамас на 7. октомври.

Во судирите меѓу Израел и Хамас убиени се повеќе од 10.700 луѓе, од кои најмалку 9.277 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во Кинеската академија на општествени науки во Пекинг

Следно

Несреќа меѓу два велосипеда во Прилеп – едно лице тешко повредено

Latest from Blog

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима
Go toTop