ИДФ одговори на нападите на Хезболах врз Израел со напади врз јужен Либан

December 28, 2023
1 min read

ИДФ соопшти дека нападите со борбени авиони, тенкови и артилерија биле насочени кон инфраструктурата на Хезболах што се користела за напади врз Израел

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле напади во јужен Либан, вклучувајќи ги Аит ал Шаб и Рамие, како и други области како одговор на нападите на либанската милитантна група Хезболах во северен Израел.

ИДФ соопшти дека нападите со борбени авиони, тенкови и артилерија биле насочени кон инфраструктурата на Хезболах што се користела за напади врз Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Дополнително, ИДФ изјави дека бил погоден воен комплекс на Хезболах, како и дека биле погодени една ќелија на Хезболах која се подготвувала да изврши напад со антитенковски ракети, како и уште една ќелија што се наоѓала во зграда од која претходно се испукувале проектили кон Израелците.

Хезболах денеска истрелале околу 50 ракети и проектили врз Израел и лансирашеле две беспилотни летала.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Се враќа ли целосната забрана за пушење на затворено – интервју со министерот Меџити

Следно

Вработување за 1.117 лица во здравство – ВМРО-ДПМНЕ: Ова е предизборен поткуп

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop