И сограчот во канцелариско фудбалче се откажа од него: За Османи, Груби згреши што избегал, треба да се соочи

December 24, 2024
1 min read

„После свадба, тапани“ или ефектот со задоцнето откажување и оградување од Артан Груби и натаму ја тресе ДУИ. Соочени со падот на рејтингот кај албанското гласачко тело предизвикан од резилот со довчерашниот втор човек во партијата, врхушката на ДУИ полека почна да се откажува од Груби. Прв од челниците е довчерашниорт соиграч во канцелариски фудбал и баскет, Бујар Османи, кој изјави дека Артан згрешил што избегал, требало да остане и да се соочи. Не можела партијата да одговара за 34-те илјади членови, вели Бујар, ставајќи го довчерашниот партиски побратим рамо до рамо со лепачите на плакати. Уште поостро во екскомникацијата и лажната катарза која ја доживува деновиве ДУИ – постапките на поединци (Груби) не можеле да ја дефинираат политиката на цела една партија, запечати Османи.

-Ако ме прашате зошто бегалец, мислам дека згрешил што избегал. Требаше да остане и да се соочи и да си ја каже својата вистина. Партијата не може да сноси одговорност за 34 илјади членови и нивните постапки, додаде екс-министерот за надворешни работи.

-Јас можам да кажам во името на партијата е дека разбираме дека ситуацијата не е лесна и ги разбираме фрустрациите на граѓаните и сомнежите по однос на политиката. Дури и нашата партија е ставена на тест на интегритет на некој начин. Морам да потенцирам дека постапки на поединци не можат да ја дефинираат цела една партија. Партијата ја дефинираат принципите и колективните одлуки. Не може да се најде нешто спорно кај ДУИ по однос на антикорупциската политика, рече Османи во емисијата на „360 степени“.

Првично и срамежливо, завчера партијата за првпат се огради од Груби велејќи дека тој веќе не е дел од ДУИ и не знаат и не ги интересира дали е во Албанија. Откажувањето на Османи од Груби е второ откажување од него. Кој знае кој трет ќе се откаже од партискиот „ѓавол“ или шејтан, се шегуваат по социјалните мрежи.

Дали конечниот егзорцист во ДУИ ќе биде Ахмети, кој конечно ќе раскрсти со ликот кој тој лично го создаде и протежираше?

Како и да е,  ова е само најава за лавината откажувања од Груби која ќе следува од сите негови довчерашни блиски во партијата. Причина е се позасиленото тропање на портите на ВРЕДИ од членството на ДУИ, нешто што наиде на масовен одѕив по поразот на изборите, а катализатор стана токму ставањето на Груби на Црната листа на САД. Криминалот во Лотарија, само ја забрза одлуката на многумина. Во меѓувреме, молкот на Ахмети и врхушката околу Артан, си го сторија своето. И најновото откажување на Бујар Османи од Артан се толкува како – После свадба, тапани…

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно

Следно

И сограчот во канцелариско фудбалче се откажа од него: За Османи, Груби згреши што избега, треба да се соочи

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop