И покрај повикот на Трамп, Израел изврши воздушни напади врз Иран по прекинот на огнот

June 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските борбени авиони започнаа нова рунда воздушни напади во Иран по прекинот на огнот денес и покрај повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Тел Авив да не го напаѓа Техеран, јавува Анадолу.

Борбените авиони погодија радарска инсталација во близина на главниот град Техеран, објави израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН.

Иранската новинска агенција Мехр ги потврди израелските воздушни напади во Баболсар, крајбрежен град во северната иранска покраина Мазандаран.

Државната телевизија „Прес ТВ“, исто така, објави дека две експлозии се слушнале северно од Техеран по израелските воздушни напади.

Нападите се случија и покрај повикот на Трамп до Израел да се воздржи од воздушни напади врз Техеран, откако израелската Армија презеде одговорност за ракетниот напад врз Иран по прекинот на огнот што стапи на сила меѓу двете страни рано утринава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски за гласањето на извештајот на Вајц: Добро е што ја минавме оваа прва препрека, жестоко ќе се бориме во следните две недели

Следно

Фон дер Лајен: Европската одбранбена индустрија се разбуди

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на
Go toTop