И покрај „Иди ми… Дојди ми“ со Косово, нема исход за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

November 27, 2024
1 min read

Министерот за правда, Игор Филков, на прашањето до каде е постапката за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои македонските судови ги осудија на доживотна казна затвор за случајот ,,Монструм”, рече дека „процедурата е во тек а на исходот се чека во секој момент“ и дека „кога ќе дознаеме ние, ќе дознаете и вие“.

Неодмна по владината седница меѓу македонската и косовската влада во Приштина, премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека прашањето е за судовите и јавните обвинителства на Македонија и Косово, и дека треба да им се даде уште малку време.

„Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање и тоа налага законски и судски третман за што нашите двајца министри даваат максимум за што поскоро да се реши. Да им дадеме уште малку време да го решат и да се погрижат за проблемот“, кажа Курти на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски.

Летово Министерството за правда повторно бара екстрадиција од Косово. Барањата се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се уште се чека одговор од нивна страна.

Екстрадиција беше побарана во 2018 година. Во 2021 година косовските власти ја одбија екстрадицијата за Исмаиловиќ, а за Демири немаше одговор.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута. Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро.

На 12 април 2012 година, е извршено убиството на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешово. Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот. Убиството се случи во времето на големиот христијански празник Велигден.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

Следно

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Latest from Blog

Тотенхем има две имиња за нов менаџер, а доаѓа и нов спортски директор од Борусија (Д)

Поранешниот тренер на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е подготвен да стане главен тренер на Тотенхем доколку клубот не испадне од Премиер лигата. Според „Телеграф“, привремениот тренер на Спарс, Игор Тудор, дефинитивно

Надомест за каснување од кучиња – упатство за граѓаните на Прилеп

Локалната самоуправа на општина Прилеп ги известува граѓаните дека започнува примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња. Со

Министерката Божиновска најави продолжување на попустите на горивата до 6 април

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1
Go toTop