Хусите потврдија дека во американските напади врз Јемен се повредени седум жени и две деца

March 20, 2025
1 min read

САНА (АА) – Седум жени и две деца се повредени во воздушните напади на Соединетите Американски Држави (САД) во текот на ноќта врз неколку јеменски провинции, вклучително и главниот град Сана, јавува Анадолу.

Во воздушните напади погодени се Сана, Саада (на север), областа Ал-Хазм во провинцијата Ал-Џауф (на североисток) и областа Ас Савадија во провинцијата Ал-Бајда (Централен Јемен), според телевизијата Ал-Масира, поврзана со Хусите.

Се наведува дека во нападите врз подрачјето на Ал-Тавра во Сана има повредени и бил предизвикан пожар во сала за настани, при што се оштетени неколку околни домови.

Воздушните напади врз подрачјето на Ал-Хазм беа насочени кон добитокот, при што е загинат поголем број, според телевизијата.

Во саботата американскиот претседател Доналд Трамп рече дека наредил „голем напад“ на Хусите во Јемен.

Оттогаш до вторникот навечер Анадолу регистрираше десетици американски воздушни напади врз Јемен, во кои загинаа 53 лица и 107 се повредени, меѓу кои и жени и деца, според извештаите на Хусите.

Ова се први воздушни напади врз Јемен откако на 19 јануари 2025 година стапи на сила примирјето меѓу Израел и Хамас во Газа.

Движењето на Хусите со проектили и беспилотни летала ги напаѓа бродовите поврзани со Израел што минуваат низ Црвеното и Арапското Море, теснецот Баб ал-Мандаб и Аденскиот Залив од крајот на 2023 година, нарушувајќи ја глобалната трговија поради, како што порачаа, знак на солидарност со Појасот Газа.

Хусите ги прекинаа своите напади кога беше прогласен прекин на огнот во јануари меѓу Израел и палестинската група Хамас, но се заканија дека ќе продолжат со нападите кога Израел ја блокираше целата хуманитарна помош за Газа на 2 март.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Со македонското знаме во знак на сеќавање на изгубените животи во трагедијата во Кочани

Следно

У19: Македонските фудбалери ќе одиграат два дуели со Албанија во Корча

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop