Хулкенберг ја критикуваше Ф1: Емоциите на трките се природни

March 3, 2025
1 min read

Германскиот возач на Заубер, Нико Хулкенберг, изрази збунетост од новото правило на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) со кое се забранува употреба на непристојни зборови во Формула 1.

– Изненаден сум и не разбирам зошто постои ова правило. Се прашувам како ФИА планира да го спроведе, формулацијата е премногу нејасна. Низ годините на мојата кариера, никогаш не сум слушнал никакви поплаки за начинот на кој пилотите се изразуваат. Напротив, на гледачите им се допаѓа искреноста. Во Формула 1, тркачите веднаш се фатени во блицовите на камерите, исполнети со адреналин, по битката на патеката. Природно е дека во моменти како овие може да се искажат зборови што вообичаено не ги користиме, изјави Хулкенберг за „Racingnews365“.

Тој нагласи дека и самиот избегнува непристојни зборови: „Никогаш не сум бил од оние кои пцујат. Ова не е за мене“.

Пилотот исто така изрази сомнеж за потребата од „емоционална цензура“ во спортот каде страстите се дел од спектаклот.

Сезоната во Формула 1 започнува во Австралија на 16 март.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Напад со нож во северен Израел, едно лице загина, пет се повредени

Следно

Утре повторно судење за смртно прегазената Теодора во Тетово во 2022 година

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop