Хуавеи го возвраќа ударот

June 18, 2024
1 min read

Хуавеи е под американски напад повеќе од една деценија. Во 2012 година, американските власти почнаа да тврдат дека Кина може да ја искористи фирмата за шпионажа. Во 2018 беше покренато обвинение против нивниот финансов (ќерка на основачот Рен Женггфеи) за кршење на санкциите кон Иран. До 2020 година, американското незадоволство се претвори во целосна војна, при што на повеќето американски фирми им беше забрането да работат со Хуавеи а на странски фирми им се забрануваше да ѝ продаваат чипови или друга опрема што користи американска технологија. Америка со сите средства (дипломатија, закани, притисоци…) одвраќаше други земји да ја користат опремата на Хуавеи во нивните мобилни телефонски мрежи.

Ова сериозно ја погоди компанијата. Беше принудена да го продаде својот главен бренд за смартфони поради недостаток на чипови. Повеќе од десетина богати земји ја исклучија од договорите за 5Г. Приходите паднаа за 30% во 2021 година; нето профитот падна за 70% во 2022 година.

Во меморандум од таа година Женгфеи беше јасен дека Хуавеи се бори за живот:

„Првата работа е да се преживее. Имаме иднина ако преживееме“.

Американските напади продолжуваат. Во мај, регулаторите ја укинаа специјалната дозвола со која им дозволуваше на Интел и Квалком да продаваат чипови за лаптопи на Хуавеи.

Сепак, Хуавеи не само што преживеа туку гази.

Во првиот квартал од оваа година нето добивката се зголеми за 564% на годишно ниво. Продажбата на телекомуникациска опрема повторно расте. Во голем дел тоа е постигнато со замена на странската технологија со домашни делови и програми, што ја прави многу помалку ранлива на американските удари во иднина. Не успеаја да ја убијат туку ја направија посилна.

Во ретроспектива, американскиот блицкриг само накратко ја потресе оваа империја. Ланската продажба на Хуавеи од околу 100 милијарди долари е двојно поголема од онаа на Оракл. Минатогодишниот профит, од околу 12,3 милијарди долари ја става на исто ниво со Циско Системи и значително ги надминува оние на Ериксон и Ноки, нејзините главни ривали во бизнисот со мобилните мрежи. И додека Ериксон и Нокиа отпуштаат персонал, бројот на вработени на Хуавеи расте. Сега има 12.000 работници повеќе отколку во 2021 година.

Главната лекција која САД може да ја научи од објавената војна кон Хуавеи е дека лишувањето од западната технологија, Кина не ја тера да се предаде туку ја принудува да иновира и да фати чекор со сопствени сили и попатно зголемен имунитет.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина новинарот Иван Андреевски – Маче

Следно

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ФРАНЦУСКА АКТЕРКА АНУК ЕМЕ

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop