Хрватските „КАУБОИ“ ги „приземија“ моќните француски „МИРАЖИ“

January 30, 2025
1 min read

Во фантастична атмосфера вечерва во Арената во Загреб, во првото полуфинале на СП, блескавата Хрватска ја победи Франција со 31:28 и со тоа се пласира во големото финале кое се игра во Осло во недела.

Избраниците на Сигурдсон одиграа фантастично прво полувреме, се чини дека тука го доби ова полуфинале.

И победи заслужено, ако се знае дека Франција не беше на своето ниво.

Инаку ова полуфинале започна со далеку поагресивна игра на Хрватите, кои бодрени од преполната Арена во Загреб, во супер атмосфера. Домашнире ракометари играа како во транс. Во првите минути беше 1:1, но во 5.минута беше 3:1 за Хрватска која номинално, според ИХФ, на ова полифинале беше гостин.

Франција никако не успеваше да се наметне, бадијала бројните замени на тактичките варијанти на селекторот Жил, кој немаше решение. Хрватите го зголемуваа водството па во 13.минута беше 9:5, а во 19.минута беше 14:7. Беше и 17:8 а на пауза се замина со 18:11.

Вистинска ракометна рапсодија на Хрватите во овие први 30 минути во ова полуфинале.

Во второто полувреме, а не можеше поинаку ако се знае дека сепак Франција е екстра селекција со екстра квалитет, а и Хрватите да играат 60 минути како во транс и без грешка, Франција покажа карактер. Тука треба да се каже дека Мине доби директен црвен картон поради груб старт.

Во 35.минута резултатот беше 19:15 за Хрватска, очигледно е дека Франција се врати во игра, поточно почна нешто да игра. Хрватска во првите 6 минути од вториот дел постигна само еден гол, Франција дури четири.

Сепак во продолжение од средбата Хрватска ги запре тие напади на Французите, и во 42.минута имаше +6 голови предност.

Во овој период блескаше Срна, и тоа многу помогна Хрватска да ги има тие плус 5-6 голови разлика.

Сепак Ремили со својот прв гол на мечот во таа 47.минута намали на 25:21. Се насетуваше драма. Франција намали на -3 во 52.минута.

На три минути до крајот беше 29:26 за Хрватска. Во тие моменти сој придонес даде и Карачиќ, екс-вардарецот.

И на крајот резултатот гласеше 31:28. Со ова Хрватска има најмалку сребрен медал.

Утре вечер од 20:30 часот се игра второто полуфинале во кое се среќаваат во Осло селекциите на Данска и Португалија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претставникот на Трамп за Блискиот Исток вели дека обновата на Газа може да трае 10-15 години

Следно

Чибишев за ужасот на Онкологија и извештаите кои НЕ го оправдуваат Филипче: Граѓаните се чувствуваат јадосани

Latest from Blog

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин
Go toTop