Хрватските хулигани кои направија инцидент во кој беше убиен навивач на АЕК ќе бидат изведени пред јавен обвинител

August 9, 2023
2 mins read

Вкупниот биланс на уапсени хрватски навивачи на Динамо Загреб кои учествуваа во нередите во центарот на Атина пред два дена, а кои резултираа и со загуба на еден млад човечки живот, изнесува 94 лица. Грчката полиција стравува дека сѐ уште постои реална можност од нови нереди

Грчката полиција приведе 94 хрватски државјани за кои постои сомнеж дека биле дел од групата што пред два дена направи инциденти и предизвика општа тепачка во близина на стадионот на АЕК, во која животот го загуби 29-годишен навивач на грчкиот тим.

Хрватските хулигани – навивачи на Динамо Загреб во текот на вчерашниот ден се обидувале на секаков можен начин да ја напуштат Грција, но според информациите, ниту еден од нив не бил успешен во обидот да ја напушти земјата. Грчката полиција објави дека во текот на вчерашниот ден се уапсени пет лица кои со брод сакале да заминат во Италија, а оттаму кон Хрватска. Покрај овие пет лица, во текот на вчерашниот ден беа уапсени навивачи кои се обидувале да избегаат преку граничните премини со Албанија и Македонија. Сите уапсени лица денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител, а од вчера грчката полиција започна и со поставување блокади на главните патишта во Грција, со посебен акцент на граничните премини. Според проценките, уште 50 хрватски навивачи се во бегство, а во моментот се прават лабораториски испитувања и ДНК-анализи за да се идентификува кој е убиецот на 29-годишниот навивач.

Грчките медиуми вчера објавија дека за убиството бил одговорен грчки државјанин, но овие информации не се потврдени од страна на официјална Атина.

Во инцидентите имаше и осум повредени лица од кои четири се со посериозни повреди. Три Грци и еден Хрват и понатаму се хоспитализирани во болница во Неа Филаделфија, а сите имаат повреди на главите и се наоѓаат на одделот за неврохирургија.

Поради инцидентите во Атина, УЕФА го одложи натпреварот помеѓу АЕК и Динамо, а раководството на грчкиот тим протестираше и бараше Динамо Загреб да биде исфрлен од натпреварувањето.

„Како е можно по ова варварско убиство на Михалис од страна на група хулигани од Хрватска, АЕК да излезе на терен и да игра против овој тим? Кој ќе нѐ натера да ги играме тие натпревари додека и понатаму тече крвта на нашиот убиен навивач и на останатите тешко повредени? Кога сите знаат дека овие луѓе дошле тука да убиваат како составен дел на организација со која треба да играме фудбал. Постои само еден начин: Строга казна веднаш! Цивилизираниот европски и фудбалски свет тоа го чека“,

се вели во соопштението на АЕК.

Инаку, Грција е во шок по ужасните сцени од дивеење пред стадионот во атинскиот кварт Нова Филаделфија. Во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо Загреб, повеќе од стотина хулигани – навивачи на загрепскиот клуб ги нападнаа навивачите на ривалот АЕК, а во нападот загина 29-годишен навивач на грчкиот клуб.

Иако натпреварот беше прогласен за настан од висок ризик и беше забрането присуство на гостински навивачи, повеќе од стотина хрватски навивачи заминале во Грција, каде што предизвикаа масовни немири, во кои едно лице загина, друго се бори за живот, а најмалку уште десет лица биле повредени. Полицијата уапси 94 лица, меѓу кои 82 Хрвати. Потрагата по други учесници во немирите трае цел ден.

Поради низа пропусти на грчката полиција која знаела дека хулиганите ќе пристигнат во Атина, беа сменети 7 полициски началници во Грција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во 2024 може да има, а може и да нема претседателски избори во Русија

Следно

Занети: Лукаку нè предаде, длабоко сме разочарани

Latest from Blog

САРАЕВО ЛИ Е ИЛИ СЕПАК НЕ Е? Толку е загадено што луѓето залутале по пат до дома

Маглата е главна но, не и едниствена важна последица на загадувањето што се акумулира во сараевскиот басен со децении. Нивото на токсични честички PM2.5 повремено го надминува дозволеното ниво за десет пати.

Чешка има нов фудбалски селектор

Репрезентацијата на Чешка, потенцијалниот наш ривал на патот кон Мундијалот во САД, Канада и Мексико следното лето има нов селектор. Се работи за искусниот Мирослав Коубек, кому му е доделена одговорноста да

Како до поквалитетни јавни услуги: Отворена панел-дискусија во Битола

Јавните претпријатија како клучен сервис на граѓаните беа во фокусот на панел-дискусијата „Како до подобри услуги за граѓаните“, организирана од Советот на Општина Битола и Општина Битола, со цел отворање транспарентен дијалог

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд

Русин запроси девојка среде маратонскиот прес на Путин (ВИДЕО)

На маратонската прес-конференција што ја одржа рускиот претседател Владимир Путин во Москва (која траеше неколку часа), среде одговарањето на геополитички прашања, се случи момент што никој не го очекуваше: новинар ѝ предложи
Go toTop