Хрватска: Утрово испратени дојави за бомби на повеќе локации во Загреб

July 14, 2023
1 min read

За четири од пет локации проверките се завршени и утврдено е дека станува збор за лажни дојави. Медиумите јавуваат дека во порака со дојавата за бомби пишува дека секоја експлозивна направа содржи експлозив Ц4 и нервен агенс сарин, како и дека има тајмер

Извор: „Индекс“ / Google Street View

Неколку хрватски медиуми и полицијата во Загреб утрово добиле дојави за наводно поставени бомби на повеќе локации во главниот град на Хрватска.

Заканите биле дека експлозивни направи се поставени во зградата каде се наоѓа редакцијата на весникот „Јутарњи лист“, во трамвајската клучка во областа Дубрава, земјоделското училиште, хотелот „Резиденс“ и во Полициската станица во Дубрава.

Загрепската полиција веднаш по дојавите излегла на терен и ги проверила локации. На четири од нив, јавува „Индекс“, не се пронајдени експлозиви односно дојавите биле лажни, додека петата локација сè уште се проверува. Неофицијално, единствената локација каде не е завршена проверката е во редакцијата на „Јутарњи лист“.

Порталот пишува дека во порака со дојавата за бомби пишува дека секоја експлозивна направа содржи експлозив Ц4 и нервен агенс сарин, како и дека има тајмер.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шоле: САД секогаш ќе ја поддржуваат С Македонија на патот кон ЕУ, но следниот чекор напред зависи од вас

Следно

СЕ НАДЕВАМ ДЕКА МОИТЕ БЛИСКИ ОД НЕКАДЕ ГО ГЛЕДААТ ФИЛМОТ И СЕ СМЕШКААТ, ВАРДАН ТОЗИЈА ГО ПОСВЕТИ ФИЛМОТ „М“ НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО КОЕ НЕ ЈА ДОЧЕКА ПРЕМИЕРАТА

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop