Хрватка покрена расправа: „Имаме 2600 евра месечно, но се плашиме да имаме деца

December 30, 2025
1 min read

„Како младите луѓе без недвижен имот го финансираат својот живот со деца? Јас и моето момче имаме 27 години, имаме солидна работа и имаме околу 2.600 евра нето приход заедно. Живееме под кирија, па поголем дел од приходите одат за кирија и други фиксни трошоци.

Нашите пријатели, особено оние што имаат деца, имале среќа да наследат имот или имаат кат кај своите родители или нешто слично. Би сакала наскоро да имам деца, но искрено се плашам како ќе го финансираме сето тоа, знам дека не е невозможно, дека има луѓе што живеат со минимална плата, но јас сакам да живеам, а не да преживувам… Па, ме интересира како изгледаат вашите животи, како функционирате“, прашала таа.

Песимистички ставови

Објавата брзо привлече бројни коментари, а многумина претставија прилично мрачна слика за имањето деца без сопствен имот. „Искрено мислам дека раѓањето деца во Хрватска без решено станбено прашање води до доживотен закуп“, се вели во еден од коментатрите.

Други предупредија на високите цени на киријата, наведувајќи примери каде нивни познаници плаќаат 800 евра за 45 квадрати. Некои од лицата коментирале дека заеднички приход од 2.600 евра во поголемите градови не спаѓа во категоријата „солиден приход“.

„Некогаш, 10.000 куни беше одлична плата, но тогаш киријата беше 2.000 куни“, напишал еден корисник, додавајќи дека со дете е многу потешко да се најде стан.

Совет и различни искуства

Од друга страна, имаше и такви кои понудија охрабрување и искуства од прва рака, нагласувајќи дека животот во изнајмен стан со деца е можен, иако е тежок. Еден корисник го опишал своето искуство: „Се финансиравме така што работевме и плаќавме сметки и кирија како илјадници други родители. Потоа, кога дојде време, купивме стан и продолживме на ист начин, само што наместо да плаќаме кирија, плаќаме кредит“.

Некои веруваат дека со овој приход може да се живее скромно, но пристојно. Во еден коментар се истакнува дека имањето дете во првите неколку години не е огромен трошок и дека може да се покрие со намалување на „малите луксузи“ како што се честите посети на ресторани и кафулиња.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тревис Келси и Тејлор Свифт сериозно се подготвуваат за венчавка

Следно

Дневен хороскоп: Бикот да го чува својот мир, а Девицата за прошета на чист воздух

Latest from Blog

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на

Тоти минал низ вистински пекол по пензионирањето: „Се чувствував како да сум сам сред океан“

Легендата на Рома, Франческо Тоти, во интервју за „Кориере дела Сера“ зборуваше за тешкиот период по завршувањето на кариерата, загубата на татко му и можноста повторно да добие функција во римскиот клуб.

Македонската берза со неделен промет од 28,69 милиони денари, МБИ10 во пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 13.10.2026–16.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 28.692.314,25 денари: 28.651.436 денари со акции и 40.878,25 денари со обврзници на

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth

Проблем за ПСЖ: Еден од клучните фудбалери се повреди и нема да игра против Барселона

ПСЖ ќе биде ослабен за дуелот со Барселона во Лигата на шампионите, откако Нуно Мендеш заработи повреда на левиот бутен мускул и ќе отсуствува во наредните неколку недели. Португалскиот лев бек се
Go toTop