Храната, транспортот и облеката ги движат трошоците нагоре – паднале цените на алкохолот

May 7, 2025
1 min read

Инфлацијата во земјава продолжува со умерено темпо. Индексот на трошоците на живот во април 2025 година, во споредба со април 2024 година, е зголемен за 2.6 отсто, додека индексот на цените на мало бележи пораст од 2.7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

На месечно ниво, споредено со март 2025 година, инфлацијата изнесува 0.6 проценти. Главни двигатели на растот се повисоките трошоци за транспорт (5.1%), облека и обувки (1.5%), рекреација и култура (1.4%), мебел и одржување на домаќинства (0.5%), здравствени услуги (0.4%) и храна и безалкохолни пијалаци (0.3%).

Цените на мало, пак, на месечно ниво се зголемени за 1.6 отсто, што дополнително ја потврдува динамиката на поскапувањата кај одредени категории производи и услуги.

Намалување на трошоците е забележано кај разновидните стоки и услуги (0.7%) и кај алкохолните пијалаци, тутунот и наркотици (0.1%).

Без промена остануваат трошоците во групите: домување и комунални услуги, ресторани и хотели, комуникации и образование.

Цените на мало, пак, на месечно ниво се зголемени за 1.6 отсто, што дополнително ја потврдува динамиката на поскапувањата кај одредени категории производи и услуги.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши „4. Меѓународен конгрес на постдипломски студенти по комуникација на Универзитетот Мармара“

Следно

ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ Е НАШИОТ КВИНСИ ЏОНС, КАЖА ДАРИО ПАНКОВСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ЛЕГЕНДАРНИОТ МУЗИЧАР И ПРОДУЦЕНТ

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop