Хоспитализираните од пожарот во Кочани се стабилни, подобрена е состојбата на две лица во Солун

March 30, 2025
1 min read

Министерството за здравство информира дека од вчера нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти. Во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба. Од нив по шест се во стара градска и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.

На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба. За денеска нема најава за враќање други пациенти од странство.

Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија. Кај останатите пациенти состојбата од вчера е непроменета. 

Министерството за здравство, велат оттаму, и натаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во комуникација со медицинските тимови во земјата и странство и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси му го посвети својот гол против Филаделфија Унион на Ѓоковиќ имитирајќи тениски сервис

Следно

Сообраќајка на регионалниот пат кај мотел Велес, сообраќајот во прекин

Latest from Blog

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.

Коњановски: Одобрен проектот за тартан патека на градскиот стадион

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, присуствуваше на ребрендирањето на Атлетскиот клуб „Олимп“, настан кој беше оценет како историски момент за битолската и македонската атлетика.

Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО – Катица Јанева тврдела дека е жена од милион долари

Поранешната обвинителка во Специјално јавно обвинителство, Лејла Кадриу, во јавни истапи изнесе сериозни обвинувања за начинот на функционирање на институцијата, наведувајќи директни политички влијанија, финансиски злоупотреби и незаконско постапување во периодот кога

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф
Go toTop