Хоспитализирани 95 ученички од непозната болест во западниот дел на Кенија

October 4, 2023
1 min read

НАЈРОБИ (АА) – Околу 95 ученички се хоспитализирани во западниот дел на Кенија поради мистериозна болест што предизвика затворање на училиштето на неопределено време, известува Анадолу.

ОФицијални лица информираа дека 95 ученички од средното училиште за девојчиња, кое се наоѓа на 374 километри северозападно од главниот град Најроби, хоспитализирани се поради болеста што се прошири во оваа институција. Сѐ уште не е познато за која болест станува збор.

Според вестите што ги објавија локалните медиуми, ученичките наводно боледуваат од болест што им ги парализира нозете, поради што поголем дел од нив не се во можност да одат.

Одлуката за затворање на училиштето е донесена по состанокот на училишниот одбор и официјален претставник на Министерството за образование.

Од училиштето наведуваат дека на стотици засегнати ученички ќе им биде дозволено да се вратат во училиштето откако ситуацијата внимателно ќе се процени и ќе бидат преземени неопходните мерки.

Точната природа на мистериозната болест не е позната, но здравствените службеници изјавиле дека примероците крв од заболените ученички се пратени во лабораториите на кенискиот Институт за медицински истражувања, со цел утврдување на природата и потеклото на болеста, како и развивање соодветни протоколи за лекување.

Ги повикаа родителите на ученичките да бидат на штрек и внимателно да го следат здравјето на своите деца додека здравствените лица работат на идентификација на причината за болеста.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Панова: Владата се заплетка, за какво растеретување на затворите станува збор, кога предлагачот вели дека ќе се ослободат лица кои уште не почнале да отслужуваат затворска казна

Следно

Видеолотарија касинос Австрија им исплати на играчите фантастични 42 894 755 денари во септември

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop