Холандскиот премиер Руте го повика Израел да го прифати планот за прекин на огнот во Газа поддржан од ОН

June 12, 2024
2 mins read

БЕРЛИН (АА) – Холандскиот премиер Марк Руте ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) за прекин на огнот во Газа и го повика Израел „да го прифати планот“, јавува Анадолу.

Руте рече дека целиот свет „сега очекува од Израел да го прифати она што самите го предложија“ и веднаш да ги прекине своите воени операции во градот Рафа, на југот на Газа.

Советот за безбедност на ОН во понеделникот усвои нацрт-резолуција со која се бара поддршка на предлогот што го најави американскиот претседател Џо Бајден, а кој се состои од три фази и предвидува моментален прекин на огнот во Газа.

Нацртот беше предложен од делегацијата на САД и поддржан од 14 земји членки, додека Русија беше воздржана.

Во усвоената одлука укажано е на дипломатските напори на Египет, САД и Катар, а беше поздравен и предлогот во три фази што Бајден го изнесе на 31 мај.

Руте нагласи дека планот за прекин на огнот презентиран од САД всушност доаѓа од самиот Израел, иако израелските лидери досега јавно не го поддржале.

„Би рекол дека тоа е повеќе израелски предлог за прекин на огнот отколку американски. Понекогаш Израелците не се сосема сигурни што предложиле, но мислам дека на крајот тоа е нивен предлог, што го прави уште подобар“, рече холандскиот премиер.

Тој истакна дека „бил многу среќен кога дознал дека Хамас реагирал многу позитивно на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

„Сега за нас е клучно да имаме целосен прекин на огнот што е можно поскоро“, рече Руте.

Тој, исто така, го осуди нападот на Хамас на 7 октомври, потврдувајќи дека Израел има право да се брани, и истакна дека Тел Авив има меѓународни обврски и дека треба да дејствува во рамките на меѓународното право.

Израел од 7 октомври минатата година врши континуирани напади врз Појасот Газа, во кои досега се убиени над 37.160 Палестинци, главно жени и деца, а околу 84.800 се повредени.

Холандскиот премиер изрази сериозна загриженост за катастрофалната хуманитарна ситуација во Рафа, повторувајќи го својот повик за итен прекин на огнот.

„Се разбира, многу сме загрижени за ситуацијата во Рафа, бидејќи таму живеат 1,5 милиони луѓе, а секоја воена операција таму може да доведе до огромна загуба на животи. Не заборавајте што рече Меѓународниот суд на правдата, а тоа е дека операцијата во Рафа мора веднаш да заврши, мора да заврши сега. Тоа му го кажав и на Бенјамин Нетанјаху“, изјави Руте за АА.

Тој наведе дека земјите од ЕУ го поддржуваат планот за прекин на огнот во Газа поддржан од ОН, и очекуваат дека и Израел и Хамас ќе ги преземат неопходните чекори за негово спроведување.

„ЕУ не секогаш размислуваше како едно за ова, но мислам дека овде, за овој конкретен мировен предлог, ЕУ е многу усогласена и сложна“, рече Руте.

Тој ги повика Израел и Хамас да го спроведат овој мировен предлог.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голема акција во Белград: Се апсат осомничени за трговија со луѓе

Следно

Мицкоски: Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сочинуваат и Вреди и Знам

Latest from Blog

Речиси 900 сметки во швајцарска банка се поврзани со нацистите, истрагата ја споменува и Аргентина

Тој зборуваше пред сослушувањето на Сенатскиот судски комитет за улогата на банките во олеснувањето на Холокаустот, додавајќи дека се откриени и нови детали за шема за помагање на нацистите да избегаат во

Кои две земји во ЕУ имаат најстари работници?

Работниците во Германија стареат. Германија има најстаро работно население во Европската Унија(EУ), а речиси секој четврти вработен е постар од 55 години, според податоците кои денеска ги објави Федералниот завод за статистика

„Русија НЕМА НАМЕРА ДА ПОСТИГНЕ МИР“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Киев, изјави дека руските напади врз Украина во текот на ноќта не укажуваат дека Москва е сериозна во врска со постигнувањето

Лефков: Измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор ќе ја зголемат одговорноста и транспарентноста во судството

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов

Протест и во Кочани, граѓани се бунат зaшто полицијата им ги одзела колите

Попладнево, група граѓани излегоа на протести на патот Битола-Ресен и во кочанската населба Трајаново Трло. Тие се незадоволни бидејќи полицијата им ги запленила автомобилите кои ги возеле без возачки дозволи, јавува Радио
Go toTop