Хоџа: Нова опрема за отпад во Струга и засилени инвестиции во инфраструктурата

April 9, 2026
1 min read

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, изврши увид во новонабавената комунална опрема – дел од воспоставувањето интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад.

Во оваа фаза од проектот, кој се спроведува со поддршка од Европската банка за обнова и развој, Општина Струга добива три камиони за собирање отпад со капацитет од 12 м³, два камиони од 8 м³ и еден кипер камион, како и 8.204 канти и 132 контејнери. Дел од опремата е веќе доделена, додека останатата ќе биде испорачана до октомври 2026 година, со што значително се зајакнуваат капацитетите на јавното комунално претпријатие и се подобрува покриеноста со услуги во урбаните и руралните средини.

Во рамки на посетата, министерот беше информиран и за напредокот на терен на другите инвестиции во Струга поддржани од Министерството-изградбата на нова водоводна мрежа во градот и колекторскиот систем Радожда–Калишта. Работата на оваа клучна инфраструктура, вклучително и денешниот почеток на изградбата на канализационен систем во село Враништа, како што беше посочено, се доказ за посветеноста на министерството кон почиста и поздрава животна средина за граѓаните од струшкиот регион.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ван Дајк: Единственото позитивно нешто е што има реванш

Следно

Смртна казна за двајца полицајци во Бангладеш за убиството на активист во бунтот во 2024 година

Latest from Blog

Александар Николоски: Инвестициите во коридорите 8 и 10 го зајакнуваат геостратешкиот потенцијал

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека Македонија треба да се приклучи на иницијативата на САД „Три мориња“ поради геостратешкиот интерес на државата. Тој нагласи дека Коридорите 8

Велигденска порака од Проданоски: Нека верата и љубовта бидат водилка во нашата општина

Дејан Проданоски, градоначалник на општина Прилеп, преку своите социјални мрежи упати искрени честитки до сограѓаните по повод Велигден. Тој посака празничните денови да се поминат во мир, љубов и сплотеност со најблиските.

Смртна казна за двајца полицајци во Бангладеш за убиството на активист во бунтот во 2024 година

Трочлениот судски совет на Меѓународниот трибунал за кривични дела, специјализиран суд во Дака, предводен од судијата Нозрул Ислам Мазумдер, денеска ја изрече пресудата за убиството на активистот Абу Саид, изјави главниот обвинител
Go toTop