Хјуман рајтс воч: Израел употреби бомби со бел фосфор во Газа и Либан

October 13, 2023
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Израелската употреба на бел фосфор во воените операции во Газа и Либан цивилите ги доведува во опасност да се здобијат со сериозни и долготрајни повреди, предупредија од Хјуман рајтс воч, известува Анадолу.

Хјуман рајтс воч го потврди тоа со видеоснимки направени во Либан и Газа на 10 и 11 октомври 2023 година, на кои се забележува да се извади повеќекратно артилериско гранатирање со бел фосфор на градското пристаниште во Газа и на две рурални локации по должината на израелско-либанската граница, а интервјуирани се и две лица што го опишаа нападот на Газа.

Белиот фосфор, кој може да се користи или за означување, сигнализација и маркирање или како оружје за предизвикување пожари со цел спалување на луѓе и предмети, има значително запаливо дејство што кај луѓето може да предизвика сериозни изгореници и да запали полиња и други цивилни објекти во близина. Со користењето на белиот фосфор во Газа, едно од најгусто населените подрачја во светот, се зголемува ризикот за цивилите и се прекршува меѓународното хуманитарно право со кое се забранува изложување на цивилите на непотребен ризик.

„Секојпат кога белиот фосфор се користи во густо населени цивилни подрачја, претставува висок ризик од нанесување на неподносливи изгореници и доживотно страдање“, изјави Лама Факих, директор на Хјуман рајтс воч за Блискиот Исток и Северна Америка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори, ќе победиме убедливо, подготвени сме за сите сценарија

Следно

Претрес во Демир Хисар, пронајдени пушки и муниција, приведено едно лице

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop