Хирург напуштил операција да оди до тоалет… А КОЛЕГИТЕ ГО ФАТИЛЕ НА ДЕЛО СО СЕСТРАТА

September 21, 2025
1 min read

Во понеделник, судот утврди дека анестезиологот Анџум „ги ставил своите интереси пред интересите на пациентот и неговите колеги“.

Д-р Сухаил Анџум, специјалист по анестезиологија, и неименувана медицинска сестра биле случајно фатени од колега во „компромитирана интимна ситуација“ додека шетале низ болницата Тејмсајд во Манчестер. За време на операцијата, анестезиологот, се дознава, го замолил медицинскиот техничар да го заштити пациентот, кој бил под општа анестезија, за да може да скокне во тоалет, пишува Гардијан.

Сепак, Анџум, оженет татко на три деца, не отишол во тоалет, туку се упатил кон друга операциона сала каде што го чекала медицинска сестра. Медицинскиот суд го добил сведочењето на медицинска сестра која им раскажала како ја видела својата колешка „со панталони спуштени под колена, со видлива долна облека“ и докторот Анџум „како врзува лента на униформата“. Исто така, било утврдено дека анестезиологот отсуствувал од операционата сала каде што требало да биде осум минути.

Грешка во проценката

Случајот беше пријавен кај раководството на болницата, а по внатрешна истрага, Анџум беше отпуштен. Минатата недела тој пред дисциплинскиот трибунал изјави дека сака да ја продолжи својата кариера во Велика Британија и да се пресели таму со своето семејство откако неговото отпуштање ги принуди да се вратат во неговиот роден Пакистан, каде што ќе продолжи да работи како лекар.

Анџум вети дека „таква грешка во проценката“ никогаш повеќе нема да се случи. „Беше срамно, благо речено. Можам само да се обвинам себеси. Ги разочарав сите. Не само мојот пациент и себеси, туку и довербата што ми беше дадена. Ги разочарав моите колеги кои многу ме ценеа“, рече тој.

Судот утврди дека анестезиологот Анџум „ги ставил своите интереси пред интересите на пациентот и неговите колеги“ и дека инцидентот во кој била вклучена и медицинската сестра „можел да го одвлече вниманието на д-р Анџум, поради што можеби не бил во можност да го посвети целосно своето внимание на грижата за пациентот“.

Се покајал

Претседателката на Судот, Ребека Милер, верува дека неговите постапки, иако не ја повредиле безбедноста на пациентот, биле „доволно значајни за да претставуваат сериозно кршење на правилата на однесување“.

Сепак, таа била задоволна што Анџум се покајал и ветила дека нема да ја повтори таквата грешка, па заклучила дека постои „мал ризик“ истото да се случи повторно.

Нема да се изрече никаква санкција врз докторот.

Анџум признал дека имал сексуален однос со медицинската сестра и дека знаел дека таа ќе „биде во близина“ кога ќе ја напушти пациентката. На крајот признал дека неговите постапки можеле да ја доведат пациентката во опасност.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барса без проблеми до нов триумф, повреда на Фермин!

Следно

Во прекин сообраќајот Велес-Градско поради сообраќајка кај с.Ногаевци

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop