Хил: Врската на Србија со Русија од ден на ден слабее

February 2, 2023
1 min read

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, во интервју за телевизија Н1, синоќа оцени дека Србија веќе се определила за Запад и дека, како што наведе, односот со Русија од ден на ден слабее.

Хил посочи дека е важно Белград конструктивно да пристапи кон планот за европски договор со Приштина и дека тоа на крајот ќе влијае на брзината со која Србија се приближува кон Западот.

„Прашањето за односите на Србија со Русија – можете да видите дека од ден на ден слабее. Се гледа дека има се поголем интерес за соработка со ЕУ и поголем интерес за соработка со нас“, вели Хил.

Хил за Н1 изјави дека ставот на САД е Србија да се приклучи на санкциите против Русија, наведувајќи дека не е точно оти Белград ништо не направил, бидејќи во Обединетите нации ја осудува руската агресија врз Украина.

На прашањето зошто европскиот предлог е таен, тој рече дека нема да го нарече тајна, туку нешто што спаѓа во „традиционалните дипломатски канали“.

„Ако се обидете да се справите со дипломатијата преку медиумите, ќе има многу недоразбирања“, рече тој и додаде дека затоа смета дека за таквите работи треба да се разговара исклучиво на маса.

На прашањето дали српскиот претседател Александар Вучиќ ја „преминал линијата“ доколку ја открие содржината на предлогот на претстојната собраниска седница, тој одговори дека тоа е „хипотетичко прашање“, но дека е потребна голема дискусија во парламентот, пренесува Танјуг.

Сметам дека е соодветно планот да се расправа во парламентот, но оставам на другите да одлучат што треба да се открие, а што не“, рече тој.

Запрашан дали позицијата на Белград во преговорите со Приштина е послаба бидејќи не воведе санкции кон Русија, Хил рече дека тоа се посебни прашања.

Тој изјави дека „конструктивниот пристап“ на Белград кон европскиот план за нормализација на односите со Приштина на крајот ќе влијае на брзината со која Србија се приближува кон Западот.

„Србија веќе одлучи да се сврти кон Западот и за многу Срби е фрустрирачки што процесот за европската интеграција трае толку долго. Се надевам дека резултатот од сето ова ќе биде многу подобро, побрзо темпо кон евроинтеграциите“, рече Хил.

Хил не одговори директно на прашањето дали Вучиќ или косовскиот премиер Албин Курти повеќе соработуваат со Западот.

„Ако мислев дека одговорот на тоа прашање ќе помогне во преговарачкиот процес, би одговорил, но тоа ќе го оставам на вашата фантазија“, рече Хил.

Тој посочи дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство е главното прашање за исполнување на Бриселскиот договор.

„Мислам дека има итна потреба сите да се согласат за тоа и да разберат дека штом прифатиш нешто, мора да продолжиш“, рече Хил.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Греењето во Скопје исто за сите потрошувачи, од ЕСМ објаснуваат зошто веќе нема „железарско“ парно

Следно

Македонија У-21 ги дозна противниците за квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2025

Latest from Blog

Тоневски: Продолжуваме со инфраструктурен развој во Пробиштип

Во Општина Пробиштип започнаа градежните активности за реконструкција на патниот правец до село Кундино, проект кој има за цел да ја подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во руралните средини. Проектот

Срамнета е со земја зградата во која се избирал новиот лидер на Иран (ВИДЕО)

Висок израелски функционер потврди за Фокс њуз дека зградата била погодена додека претставниците се собирале за да изберат нов врховен лидер. „Израел нападна додека броеја гласови за да го назначат врховниот лидер“,

Откриени низа проблеми во функционирањето на Онкологија, сведочеше поранешната директорка

Недостиг од утрински состаноци, отсуство на групно донесување на одлуки за терапија и неажурирани протоколи, беа дел од недостатоците што ги изнесе поранешната в.д. директорка на Клиниката за Онкологија, Виолета Клисаровска, на

Берзански извештај: Промет од 39,12 милиони денари, притисок врз банкарскиот сектор, ОМБ без промена

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 3 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,79% и заврши на 10.032,47
Go toTop