Хил: Имаме суштински проблем со премиерот на Косово

June 8, 2023
2 mins read

Последните денови, вели амбасадорот во интервју за Гласот на Америка, има намалување на тензиите на северот на Косово, претежно од српска страна, додавајќи оти е многу важно и косовската страна да направи чекор во таа насока

Мислам дека имаме суштински проблеми со премиерот на Косово Албин Курти и прашање е дали Соединетите Американски Држави можат да сметаат на него како на партнер, вели американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил во интервју за Гласот на Америка. 

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил/Фото: EPA/MATTHEW CAVANAUGH

Тој вели оти не се сеќава на толку длабоки поделби меѓу Приштина и Вашингтон, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).  

Американскиот амбасадор оценува дека Србија покажала конструктивен и партнерски однос во врска со деескалацијата на актуелната криза на северот на Косово, но дека од неа сепак се очекува да ги признае косовските документи и да не го спречува членството на Приштина во меѓународните организации.  

Интервјуто на Хил следува откако неделава американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово Мирослав Лајчак презентираа предлози до Белград и Приштина за деескалација на тензиите на северот на Косово, нови избори на кои ќе учествуваат и Србите и враќање на дијалогот за нормализација. 

 „Мислам дека имаме проблем со господинот Курти, кој не покажува волја да го прифати тоа. Ми се чини дека имаме некои суштински проблеми со него, дали можеме да сметаме на него како на партнер. Но, таа одлука ќе и ја препуштам на нашата (американската) амбасада во Приштина“,

вели Хил.  

Во Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, општини на северот на Косово каде живеат мнозинство Срби, тензиите ескалираа на 26 мај, кога градоначалниците Албанци со помош на косовската полиција ги презедоа функциите во општинските згради, потег кој наиде на жесток отпор кај локалното население.  

Србите во овие три општини од тогаш секојднево организраат протести пред општинските згради, а на 29 мај тие се судрија со припадници на мисијата на НАТО на Косово – КФОР. Во инциднетите беа повредени десетици од двете страни. 

Последните денови, вели амбасадорот на САД во Белград, има намалување на тензиите на северот на Косово, додавајќи дека е многу важно косовската страна да направи чекор во таа насока.  

 „Има деескалација, секако на српска страна, а очекувањата на Европската Унија и на САД се дека Косово ќе направи чекор во таа насока. Многу е важно специјалната полиција да се повлече од општинските згради. Исто така, градоначалниците треба да ги напуштат општинските згради, а тоа мора да се случи  кога- тогаш.. И третото, малку потешко прашање, дали можете да одите на нови избори“,

вели Хил. 

Тој посочува дека српската страна јасно ставила до знаење дека е важно формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство. Сепак, вели Хил тоа „сè уште претставува проблем“ за премиерот на Косово, иако „сите други разбираат дека тоа е неопходно“. 

Косовскиот премиер Албин Курти се изјасни за одржување нови избори во четири општини на север – Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток, Северна Митровица – и за намалување на присуството на полицијата. Но, за тоа побара, како што рече, „српските криминални банди“ или да си заминат или да бидат уапсени. 

 Косовскиот премиер рече и дека новите избори треба да бидат „демократски и фер“ и дека треба да има слободна изборна кампања. Сепак, тој се пожали дека Ескобар и Лајчак доаѓаат во Приштина „со барањата на другата страна“. 

 Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Ескобар, на 7 јуни повтори дека мора да се формира Заедница на општини со српско мнозинство и дека „единствено прашање е дали тоа ќе се случи со оваа или со друга влада на Косово“. 

 Заедницата на општините со српско мнозинство беше договорена во 2013 година како дел од дијалогот меѓу Косово и Србија за нормализација на односите. 

 И покрај бројните повици на меѓународната заедница за спроведување на тој договор, Косово категорично одбива со образложение дека Заедницата ќе има широки овластувања, што ќе ја загрози внатрешната функционалност на земјата. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Бреме“ од Мила Јовановиќ – Миленковиќ, „Измислена приказна“ и „Не застанувај продолжи понатаму: Лукавиот“ од Мики Душански избрани на конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст

Следно

Бугарија има двотретинско мнозинство за смена на Румен Радев

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop