Играчот на Манчестер Јунајтед, Хери Мегваер доби нова пресуда по повод судскиот процес кој што се водеше против него во судот во Грција, а се однесува на инцидентот од 2020 година што се случи на островот Миконос.
Мегваер на повтореното судење е осуден на условна казна од 15 месеци и 20 дена затвор, пресуда која што дефинитивно ја поништува онаа првичната која што според грчките закони е неважечка со самото поднесување на жалба.
Мегваер во времето кога светот сеуште беше во Ковид ситуација со совето семејство беше дел од инцидент во кој што тој тврдеше дека двајца албански државјани ја нападнале сестра му пред еден ноќен клуб, се обиделе да ја дрогираат и да ја киднапираат. Потоа Мегваер беше дел од инцидент, па приведен 48 часа, а потоа и суден.
На повтореното судење, Мегваер не присуствуваше, а останува да се види дали оваа одлука би можела да го спречи дефанзивецот да биде дел од репрезентацијата на Англија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико следното лето.
Извор: vecer.mk


