Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

July 12, 2025
1 min read

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во нелегален градежен објект, се вели во соопштението на оваа организација.

„Особено загрижувачки е фактот што нападот се случил пред очите на полициски службеници, кои, според изјавата на градоначалничката, не презеле соодветни мерки за нејзина заштита, и покрај сериозните закани по нејзиниот живот и безбедноста на нејзиното семејство“, истакнуваат од Хелсиншки.

Според сведочењето на Арсовска, напаѓачот ѝ се заканувал со силување и убиство на нејзините блиски, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци. Наместо итна интервенција и заштита, полицајците кои биле присутни на лице место, наводно, не реагирале соодветно, дозволувајќи толпата да продолжи со навреди, физички напади и закани.

„Овој напад е уште еден алармантен пример за ризиците со кои се соочуваат жените во јавниот живот – насилство, навреди, закани, клевети и институционална незаинтересираност“, посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

 Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени двајца напаѓачи. Но нема информации за мерки против полициските службеници кои биле присутни на местото на настанот.

Оттука, Хелсиншкиот комитет за човекови права бара:

· Итна и независна истрага за случајот,

· Одговорност за полициските службеници кои не постапиле соодветно на местото на настанот,

· Кривично пријави против сторителите и соодветна постапка против нив,

· Обезбедување ефективна и итна заштита за градоначалничката и другите службени лица кои биле нападнати.

· Осуда на нападот од страна на сите политички и општествени чинители.

Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР итно да го разгледа (не)постапувањето на полициските службеници и да преземе соодветни дејствија и мерки против нив

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги повикува сите надлежни институции во овој случај да дејствуваат итно и одговорно.

„Непостапувањето на институциите во случаи на очигледно насилство не само што ја охрабрува културата на неказнивост, туку директно го загрозува владеењето на правото и демократијата“, порачуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Следно

Сончево и потопло, температурите до 36 степени

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 1,8 процентни поени за една година

Јавниот долг на државава заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 59,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), објави денеска Министерството за финансии. Според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, овој износ на

Мицкоски: Заврши мониторингот за Македонија од страна на ПССЕ, тоа е само признание за нивото на демократија во Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа и дали можеме

Општина Прилеп воведува парична помош од 3.000 денари за секое прваче

На осмата седница на Советот на Општина Прилеп беше усвоен Правилникот за доделување на еднократна парична помош. Помошта изнесува 3.000 денари за секое запишано прваче во учебната 2026/2027 година. За реализација на

Се урна ѕид од приватен објект во Битола – институциите се на терен

Зад зградата позната како ЈАТ во Битола денеска се сруши приватен објект, при што паднатиот ѕид оштети неколку паркирани автомобили. На местото на настанот се присутни полициски службеници и инспектори од Општина
Go toTop