Хелсиншки комитет: Спортските трибини не се место за говор на омраза

August 4, 2025
1 min read

Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) ја поддржува одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да отвори постапка поради националистички и навредливи скандирања кои беа регистрирани за време на кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Романија, одржан на 2 август, во Куманово.

Со ваквите скандирања се предизвикува радзор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, опишано во член 319 од Кривичниот законик, посочуваат од ХКЧП.

Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза, укажуваат од Хелсиншкиот комитет.

На натпреварот присуствувале високи владини претставници, меѓу кои премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, како и градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, се нагласува во соопштението и се наведува дека е загрижувачки е што ниту еден од овие високи функционери, за време на натпреварот не реагирал по повод навредувачките скандирања. Политичарите не смеат да останат индиферентни и на тој начин да го нормализираат говорот на омраза, затоа што така придонесуваат за потхранување на атмосферата на поделби, тензии и дестабилизација.

Од оваа организација навевдуваат дека Хелсиншкиот комитет во континуитет го следи и реагира на говорот на омраза, кој е еден од главните фактори кои водат до злосторства од омраза. Притоа, етничката припадност години наназад доминира како најчеста основа за говорот и делата од омраза, а најбројни извршители и жртви се младите луѓе. Токму затоа, Хелсиншки комитет смета дека јавната осуда е најмалку што може да го сторат политичките структури, а надлежните институции да ги пронајдат и казнат сторителите.

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро го осудува ширењето на говор на омраза, се нагласува во реакцијата до јавноста и апелира до сите политички, спортски и општествени чинители да се спротивстават на овој феномен и да ја поддржат културата на толеранција, дијалог и почитување на различностите. Хелсиншкиот комитет и понатаму ќе го следи развојот на настаните поврзани со навредливите и дискриминаторски скандирања.

Спортот треба да биде простор за единство, а не платформа за ширење на говор на омраза, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меџити: Уште 1.5 милиони евра за Чаир, за младите на Чаир, за спортот, за активен живот!

Следно

Задутре времен застој на ГП “Делчево” заради градежни работи

Latest from Blog

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop