Хатајспор се повлече од турското фудбалско првенство

February 10, 2023
1 min read

Турскиот фудбалски прволигаш Хатајспор се повлече од националната Супер лига и оваа сезона веќе нема да игра натпревари, по катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ги погоди југоистокот на Турција и северниот дел на Сирија.

Бројот на загинати во двете земји надмина 21.000, а меѓу најпогодените е Антакија, главниот град на турската провинција Хатај.

„Хатајспор испрати писмо со кое нè известија дека нема да играат овосезонски натпревари“, изјави денеска претседателот на Унијата на турските прволигашки клубови Али Коч на прес-конференција заедно со претседателот на Фудбалската федерација на Турција, Мехмет Бујукекши.

„Доколку и Газиантеп сака да се повлече од лигата, планираме да продолжиме со 17 екипи, под услов правата на овие два клуба да останат недопрени“, наведе Коч, додавајќи оти Газиантеп допрва треба да донесе одлука.

Крилниот напаѓач на Хатајспор и репрезентативец на Гана, Кристијан Атсу, како и спортскиот директор на клубот Танер Савут сè уште се водат за исчезнати.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дојави за бомби во средни училишта во Софија

Следно

Археолошкиот локалитет Влахо оштетен при ископување јаглен од рудникот „Живојно“, алармираа археолози

Latest from Blog

Трамп вели дека САД потопиле седум мали ирански брода во Ормускиот теснец

 Трамп одби да каже дали примирјето меѓу САД и Иран останува на сила откако двете страни отворија оган  кон Ормутскиот теснец. Обединетите Арапски Емирати, сојузник на САД, соопштија дека нивната воздушна одбрана

Почина новинарот Рамуш Муарем Цирко – еден од најгласните активисти за правата на Ромите

Македонската јавна сцена и новинарската заедница изгубија еден од своите најавтентични ликови. На 64-годишна возраст, под долго боледување, почина Рамуш Муарем – Цирко, новинар, уредник, актер и еден од најгласните активисти за

Доку го остави сонот за титула жив

Каква лудница на „Хил Дикинсон“ ни приредија Евертон и Манчестер Сити. Натпревар во кој двата тима одиграа по едно брилијантно полувреме и кој на крајот заврши со нерешен резултат 3:3. Момците на
Go toTop