Харис со жестоки критики за политиката на Израел: Видовме Палестинци како јадат лисја, а деца умираат

March 4, 2024
1 min read

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави Камала Харис, упати досега најжестоки критики за политиката на Израел кон Палестинците.

Харис нагласи дека она што се случува секој ден во Газа е „поразително“.

„Видовме извештаи за семејства кои јадат лисја и сточна храна. Жени кои раѓаат неухранети бебиња со мала или никаква медицинска нега. Деца кои умираат од неухранетост и дехидрација“, изјави Харис синоќа, еден ден пред планираната средба со израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Американската потпретседателка истакна дека се убиени премногу невини Палестинци, а оние што преживеале гладуваат.

„Пред само неколку дена видовме гладни, очајни луѓе, како се приближуваат до камиони со хуманитарна помош, едноставно обидувајќи се да обезбедат храна за своите семејства откако неколку недели речиси и да не стаса помош до северниот дел на Газа. Тие наидоа на пукотници и хаос. Условите се нехумани. Нашата заедничка хуманост не принудува да дејствуваме. Како што рече во петокот претседателот Џо Бајден, САД се посветени на итно добивање на поголема помош за спасување на невините Палестинци на кои им е потребна“, рече Харис.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски тврди дека Украина соборила 15 руски воени авиони од февруари

Следно

Трамп ги смеша Бајден и Обама, Бајден ги збрка Украина и Газа

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop