ХАОС ВО БАРСЕЛОНА: Пеколна атмосфера пред натпреварот, навивачите го гаѓаа автобусот на Барса мислејќи дека е на ПСЖ

1 min read

Лигата на шампионите продолжува со натпреварите меѓу Барселона и ПСЖ и Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Барселона победи со 3:2 на „Паркот на принцовите“, со вистински спектакл и два пресврти. Така „Светците“ од Париз имаат тешка задача да го свртат резултатот во своја полза на жешкото гостување во Шпанија.

Покрај тоа, навивачите уште пред натпреварот се потрудија да направат пеколна атмосфера.

Непосредно пред натпреварот направија вистинска карневалска атмосфера.

При пречекот на автобусот со фудбалерите на клубот тие запалија бакли и димни бомби, а во еден момент со тврди предмети го гаѓаа и автобусот на Барса мислејќи дека се противничките играчи.

Извор: kurir.mk

Претходно

СТУДЕН БРАН: Невреме во Словенија, снег во Хрватска, пад на температурите во БиХ

Следно

СТРАШНА ПОВРЕДА И КРВАВИ РАНИ НА ЛИЦЕТО: Ана Николиќ повторно ја шокираше јавноста откако лани беше објавена со живи рани и отворени дупки (ФОТО)

Latest from Blog