Ханија: Ние сме во херојска војна за Ал Акса, израелската агресија го досега својот врв

October 7, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Шефот на политичката канцеларија на Хамас, Исмаил Ханија, изјави дека се во историска војна како одговор на израелсите напади на џамијата Ал Акса во Кудс (Ерусалим), известува Анадолу.

Ханија се огласи со писмено соопштение во врска со нападите врз Израел од Појасот Газа, кој е под израелска блокада.

„Во овие историски моменти се наоѓаме во херојска војна чие име е Ал Акса и чија главна причина се злосторничкиот ционистички напад на Ал Акса, нашето светилиште и поради нашите заробеници во израелските затвори, порача Исмаил Ханија, шефот на политичката канцеларија на Хамас.

Наведувајќи дека израелската агресија го досегнала својот врв во последните неколку дена, кога илјадници доселеници го омаловажиле Месџидот Ал Акса, Ханија истакна дека овој чекор е преземен за да се воспостави суверенитет над Месџидот Ал Акса.

Ханија рече дека Израел, кој го блокира Појасот Газа, планира да започне ненадејни напади на Газа и да ги засили нападите врз луѓето во регионот, и сето тоа пропратено со тековното населување на евреите и напади врз Западниот брег.

Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, рано утринава објави дека ја започнала операција „Aqsa Flood“ против Израел и извршила ракетни напади врз Израел од блокираниот Појас Газа. Операцијата е започната како одговор на израелските воздушни напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски на средба со пензионерите во Велес, наместо безгрижна старост тие мораат на улица да ги бараат своите права, важно е по промените да ги покачиме пензиите

Следно

Мицкоски: Потребна е лидерска средба за датум за избори, може да ја закаже и Џафери

Latest from Blog

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop