Хамас: Во израелските напади во Газа загинаа 13 заложници

October 13, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Бригадите Ал-Касам на военото крило на палестинската група Хамас денес објавија дека 13 заложници, кои беа заробени во саботата, загинале во израелските напади врз Газа во последните 24 часа, јавува Анадолу.

Во краткото соопштение се наведува дека меѓу загинатите заробеници имало и странци, но нивната националност не е наведена.

„Шест од нив загинаа во северниот дел на Газа, седум во градот Газа и тројца во други подрачја што беа под израелски напади“, се додава во соопштението.

Не е познат точниот број на израелски заробеници, вклучително и странци, кои во моментов се наоѓаат во Газа.

Ситуацијата ескалираше во Појасот Газа по нападите на палестинската група Хамас врз израелските градови во саботата.

Военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, во саботата наутро започна сеопфатна операција наречена „Поплава Ал Акса“.

Израел возврати со масовни воздушни напади врз Газа.

Бројот на загинати Палестинци во израелското бомбардирање на Газа достигна 1.537, додека 6.612 лица се повредени.

Најмалку 1.300 Израелци загинаа, а 3.300 се повредени во нападите од Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДКСК: Директорот на инспекторатот за градежништво Фатмир Арифи не го оправда потеклото на стекнатите два стана и возило во вредност од 18 0000 евра

Следно

Авионот на „Ер Србија“ евакуираше граѓани на Македонија, Црна Гора и Албанија од Израел

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop