Хамас тврди дека уништил уште 6 израелски тенка во Газа

November 8, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинската група Хамас денес соопшти дека уништила уште шест израелски тенкови и две воени возила во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Во соопштението, вооруженото крило на групата, Бригадите Касам, истакнуваат дека три тенка и две возила биле погодени од противоклопни гранати северно од градот Газа.

„Уште два тенка се уништени југозападно од градот Газа и уште еден северозападно од градот Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа“, се додава.

Израелската војска сè уште се нема огласено за тврдењата на Хамас.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш загинаа најмалку 10.328 Палестинци, од кои 4.237 деца и 2.719 жени. Бројот на загинати во Израел, според официјалните податоци, изнесува речиси 1.600.

Покрај големиот број жртви и масовните раселувања, основните резерви се при крај за 2,3 милиони жители на Газа поради израелската опсада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

3.500 долари за „невакцинирана“ сперма

Следно

Рекордни резултати на SEAT S.A. во првите девет месеци од годината

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop