Хамас: Со нападите врз болницата Ал-Шифа, Израел се обидува да ги прикрие воените неуспеси во Газа

March 19, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинското движење Хамас соопшти дека Израел се обидува да ги прикрие воените неуспеси во Појасот Газа со напад на болницата Ал-Шифа и нејзиниот комплекс, пренесува Анадолу.

Хамас објави писмено соопштение во врска со израелските напади врз болницата Шифа во Газа, каде се сместени илјадници болни, ранети и раселени лица.

Во соопштението, израелските напади врз болницата и нејзината околина се опишани како израелски обид да се прикрие неуспехот на претходно најавените воени цели.

Беше нагласено дека Израел се обидува да ги спроведе своите планови за насилно иселување на палестинскиот народ и дека во своите напади директно ги нишани здравствените центри и цивилите кои треба да бидат заштитени според меѓународното право.

Хамас ги повика Арапската лига, Организацијата за исламска соработка (ОИС) и Обединетите нации (ОН) да го запрат израелскиот масакр на беспомошните цивили во болницата каде што се сместени.

Израелската Армија вчераутро со беспилотни летала и тешко вооружување изврши напад врз болницата Ал-Шифа во Газа, а во нападот загинаа неколку лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уби 9 лица, а рани 14: Потврдено обвинението против монструмот Урош

Следно

Германија бара зелено светло за отворање на преговорите за членство на БиХ во ЕУ

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop