Хамас негира дека го отфрлил американскиот предлог за прекин на огнот во Газа

June 1, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинската група на отпорот Хамас денес негираше дека го отфрлила предлогот на американскиот претставник Стив Виткоф за прекин на огнот во Газа, обвинувајќи го Израел дека ги поткопува преговорите за прекин на војната во енклавата, јавува Анадолу.

„Минатата недела се согласивме со г-дин Витков за предлогот кој тој го сметаше за прифатлив како предлог за преговори. Го добивме одговорот од другата страна, која не се согласуваше со ниту една од точките за кои се согласивме и не ги исполни минималните барања на нашиот народ“, истакна преку соопштение високиот член на Хамас, Басем Наим.

Тој нагласи дека Хамас одговорил „позитивно и одговорно“ на предлогот на Виткоф да се обезбеди почитување на 60-дневен прекин на огнот од страна на Израел и влез на хуманитарна помош.

„Исто така, се обидовме да обезбедиме преговорите да доведат до прекин на војната и повлекување на израелските сили“, додаде Наим.

Лидерот на Хамас рече дека Израел одбил да даде гаранции за почитување на 60-дневниот прекин на огнот и влез на хуманитарна помош.

Наим рече дека Израел „сака да преговара за мапите за повлекување договорени на 19 јануари врз основа на новото воено присуство на окупаторот“.

„(Израел одбива) да даде гаранции дека војната ќе престане и дека непријателските сили ќе се повлечат на крајот од преговорите“, додаде тој.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, Израел спроведува деструктивна офанзива во Газа од октомври 2023 година, во којашто се убиени над 54.400 Палестинци, повеќето од нив жени и деца. Агенциите за помош предупредија за ризикот од глад за над 2 милиони жители на енклавата.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите воени злосторства против цивилите во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доаѓа затоплување: Следува период на топло време и температури до 37 степени

Следно

ОД СЕКОГО ОД НАС ЗАВИСИ КОЛКУ ЌЕ СЕ ОСВЕСТИМЕ И АКТИВИРАМЕ ЗА ПРОМЕНИ, ВЕЛИ АКТЕРКАТА АЊА МИТИЌ ПРЕД ПРЕМИЕРАТА НА „КАТАТОНИЈА“ ВО МНТ

Latest from Blog

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со
Go toTop