Хамас го обвини Израел за попречување на влезот на хуманитарна помош во Газа

February 9, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинската група на отпорот Хамас денес го обвини Израел дека ја попречува испораката на хуманитарна помош во Газа која е договорена во рамките на договорот за прекин на огнот, јавува Анадолу.

„Поминаа 22 дена од прекинот на огнот, а израелската окупација сè уште го попречува спроведувањето на хуманитарниот протокол, особено влезот на шатори, гориво и тешка механизација“, истакна портпаролот на Хамас, Абдел Латиф ал-Кануа.

Портпаролот ги повика посредниците да извршат притисок врз Израел за „да го обврзат строго да го спроведува договорот за прекин на огнот, меѓу кое и влез на итни медицинска и хуманитарна помош со цел да се спасат животите на нашиот народ“.

Во петокот, Салама Маруф, кој ја предводи Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа, изјави дека хуманитарната ситуација во Газа и понатаму е катастрофална бидејќи Израел сè уште не дозволува влез на хуманитарната помош.

Според Маруф, само 8.500 камиони со помош влегле во Газа од 19 јануари, што е далеку под очекуваните 12.000 според договорот за прекин на огнот.

Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот стапи на сила на 19 јануари, со што е прекината израелската геноцидна војна во која се убиени речиси 48.200 Палестинци, од кои повеќето жени и деца, а енклавата е оставена во урнатини.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Планираме изградба на нови патишта во Источна и Централна Македонија

Следно

Мендеш и Витиња во ПСЖ до 2029 година

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop