Хамас: Договорот за хуманитарна пауза во Газа почнува утре во 10 часот

November 22, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Шефот на Канцеларијата за меѓународни односи на Хамас, Муса Ебу Мерзук, изјави дека постигнатиот договор за хуманитарната пауза во конфликтот со Израел ќе започне утре во 10:00 часот, пренесува Анадолу.

Ебу Мерзук во изјава за телевизискиот канал „Ал Џезира Мубашер“ нагласи дека договорот што ќе обезбеди хуманитарна пауза ќе започне утре во 10 часот.

Тој рече дека повеќето од 50-те заложници што ќе бидат ослободени се странци.

Како што наведе, за секој заложник што го имаат, ќе бидат ослободени по тројца палестински затвореници од израелските затвори.

Ебу Мерзук истакна дека немаат затвори и дека заложниците се чуваат во домовите на Палестинците. Тој рече дека поради оваа причина, кога биле бомбардирани куќите, умреле и заложниците.

Како што рече тој, на Израел му недостасува хуманост, и истакна дека со притисокот врз Израел го принудуваат да дозволи хуманитарната помош да влезе на целата територија на Појасот Газа.

Тој нагласи дека ги увериле сите палестински затвореници во израелските затвори дека ќе бидат ослободени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата на Косово го одложи пописот на населението за април наредната година

Следно

Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop