Хајрулахи за Коцевски: Октроирана фигура која ќе се памети по служењето на криминална банда

February 12, 2025
1 min read

Имајки ги предвид законските одредби кои го регулираат начинот на поставување на вршител на должноста раководител на јавно обвинителство, од членот 25 став 3 од Закон за јавно обвинителство, јасно е дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски, сакајќи да им удоволи на обвинителите од поранешното СЈО, лекомислено и без анализа какви можат да бидат правните последици, бидејќи очигледно толку го владее правото, се излета и направи крупна професионална грешка со тоа што по негова директива, Советот на јавни обвинители, заедно со него, донесе скандалозна одлука, поставувајќи вршител на должноста раководител спротивно на одредбите од Законот за јавно обвинителство. Вака суспендираниот шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, ја прокоментира последната одлука на Советот за јавни обвинители, кој одлучи друг обвинител да ја преземе неговата функција, иако за тоа нема никаков законски основ.

Како што е познато, вчерашната одлука на Советот за јавни обвинители ја прелеа чашата на незадоволството на Владата од обвинителот Коцевски и таа одлучи Министерството за правда да поведе активности за негово разрешување.

„Сведоци сте за тоа дека постојано зборував за тоа дека републичкиот јавен обвинител е само фигура, дека тој е октроиран од обвинителите од поранешното СЈО и дека слепо ги реализира нивните барања. Со ова се потврди тоа дека сум бил во право. Овој јавен обвинител ќе се памети по тоа што служеше на една криминална банда на обвинители, кои ја оцрнија целата фела. Тука мислам на бандата предводена од неколку обвинители од поранешното СЈО. За жал, Коцевски, сакајќи да ги спаси нив од нивните криминали во СЈО, самиот си ја запечати кариерата“, вели Хајрулахи.

Тој додава дека сервилноста на Советот на јавни обвинители е повеќе од очигледна.

„Токму од овие причини, повеќе од потребно е што побрзо да се реформира и тоа тело, зафатено од канцерот наречен СЈО. Слепите извршители на Коцевски треба да се соочат со правдата и кривично да одговараат за незаконски донесените одлуки“,  категоричен е Хајрулахи.

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наутро студено време, преку ден облачно

Следно

Винисиус: Реал е мојот дом

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop