Хајрулахи: Атакот врз мене е поради тоа што Тополова Исајловска се смета за загрозена по најавата дека размислувам да се кандидирам за Републички јавен обвинител

January 15, 2026
2 mins read

Паушални и избрзани наводи на В.Д. Републичкиот јавен обвинител од причини што истата се смета за загрозена од мојата изјава дека „размислувам да конкурирам за местото Републички јавен обвинител“, ова е одговорот на поранешниот шеф на вишото јавно обвинителство и актуелен адвокат Мустафа Ахјрулахи, кој е вџашен од неоснованите обвинувања и наводи на ВД јавниот обвинител Анита Тополова Исајловска, која побара казнени мерки од Адвокатската комора заради неговиот настап на ТВ Алфа во кој тој изнесе многу, за многумина непожелни, вистини за катастрофалните состојби во ЈОРМ. Во продлжение ја пренесуваме неговата интегрална реакција за КУРИР.МК:

 

„Вџашен од непромислената и избрзана реакција од страна на в.д Јавниот обвинител на РМ, Анита Тополова Исајловска по повод мојот настап на ТВ Алфа, во емисијата „За или против“ со тоа што истата до Адвокатската комора на РМ, денеска поднела Претставка против мене, а во врска со мојот настап, најостро ги демантирам сите наводи и сметам дека истите се паушални и избрзани од причини што истата се сметала за загрозена од мојата изјава дека „размислувам да конкурирам за местото Републички јавен обвинител.“ Неможејќи да поднесе конкуренција, на овој начин се справува со истата.

Да биде појасно за читателите, во претставката поднесена до Адвокатската комора на РМ наведено е дека „Јавното обвинителство во целост ги отфрла ваквите неосновани напади, кои претставуваат обид за лична дискредитација и директно нарушување на уставно и законски гарантираната самостојност на јавните обвинители и на обвинителството. Ваквиот јавен настап е спротивен на општиот принцип број 5 од Кодексот за професионална етика на адвокатите кој им забранува на адвокатите да се рекламираат и да бараат личен публицитет на недостоен начин, што вклучува и изнесување невистини и навреди на лична основа кон професионалци и кон други државни органи,,.

Во мојот настап на „За или против“ никого не нападнав или се обидов да лично  да дискредитирам, туку едноставно си ги кажав моите видувања по однос на моменталната ситуација во која се наоѓа Јавното обвинителство во целина бидејќи до пред скоро време бев Виш јавен обвинител на најголемото обвинителство во државата. Ако некој се нашол повикан, тоа не е мој проблем.

По однос на цитираниот принцип број 5 од Кодексот за професионална етика на адвокатите, а кој се однесува на личното рекламирање на адвокатот истиот гласи „Адвокатот не смее да се рекламира или да бара личен публицитет на недостоен начин“ и дека не се смета за рекламирање објавувањето на основни податоци за адвокатот на наеговата лична веб страница на интернет, туку забрането е истакнување на имиња и називите на клиентите кои адвокатот ги застапувал и ги застапува на неговата веб страна.

Ова значи дека од страна на подносителот на претставката, наводите во истата се паушални и истите ги сметам за вид на притисок кон мене, а се со цел да не конкурирам на објавениот оглас за местото Јавен обвинител на РМ.

По однос на општиот принцип бр. 1 од Истоимениот Кодекс ќе наведам дека истиот гласи „Во извршување на своите обврски адвокатот е независен и не смее да дозволи никакви влијанија од трети лица или неговите лични интереси или интересите на трети лица и надворешен притисок да влијае на него во извршувањето на неговите обврски кон клиентот. Адвокатот е должен да не дозволи никакво нарушување на неговата независност и да не ги прекрши своите  професионални принципи со цел да удоволи било кому па и на неговиот клиент“, што значи, драга поранешна почитувана колешка, во никој случај нема да дозволам, Вие од позиција на моќ, како ВД Јавен обвинител на РСМ да влијаете на моите настапи и на моите искажани мислења, а кои се однесуваат на подобрување на моменталната хаотична состојба во која се наоѓа Јавното обвинителство на РСМ.

И предлагам на сегашната ВД обвинителка Анита Тополова Исајловска да одбере кој било медиум, место и време за да подискутираме за состојбите во ЈОРМ, се’ со цел да се помогне во издигнувањето на Јавното обвинителство.

 

Со почит, Вашиот поранешен колега јавен обвинител, а сега адвокат,

Мустафа Хајрулахи

 

П.С.

Кој му дозволил на Љупчо Коцевски и покрај тоа што на истиот му се констатираше оставка –  недела дена по констатирањето на оставката да користи службено возило од ЈОРМ, службен возач од ЈОРМ, како и и канцеларијата во ЈОРМ?“ завршува Мустафа Хајрулахи во реакцијата за КУРИР.МК

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шанел без конкуренција ФУСТАНОТ СО 4.660 ВЕЗЕНИ ДЕТАЛИ ШТО ГИ ВООДУШЕВИ ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ

Следно

Божиновска ја отвора вратата на Министерството за академската заедница

Latest from Blog

Цените на билетите за Мундијалот се високи, но побарувачката е уште повисока

gianni_infantino x ФИФА денеска објави дека на нејзината адреса, стигнале половина милијарда барања за билети за претстојниот Мундијал, кој што ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико. Огромната побарувачка

Протести и погреби во Техеран – Иран бара дипломатија, Трамп: Егзекуциите се запрени

Во Техеран, главниот град на Иран се одржа голема погребна поворка за припадници на безбедносните сили и цивили убиени за време на последните немири, кои властите ги припишуваат на „терористи“. На погребната

Божиновска ја отвора вратата на Министерството за академската заедница

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја зајакнува и унапредува соработката со релевантните институции во државата, со посебен акцент на академската и научно-истражувачката заедница, како клучен партнер во креирањето одржливи,

Шанел без конкуренција ФУСТАНОТ СО 4.660 ВЕЗЕНИ ДЕТАЛИ ШТО ГИ ВООДУШЕВИ ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ

83-тото по ред доделување на Златните глобуси, кога станува збор за модата, остави донекаде недоречен впечаток. Многумина очекуваа многу повеќе од ѕвездите на црвениот тепих, но сепак имаше одлично облечени дами кои
Go toTop