Гвардиола: Топката во ФА Купот е проблематична, тоа го кажувам со години

March 3, 2025
1 min read

Тренерот на Манчестер, сити, Пеп Гвардиола се пожали на квалитетот на топката во ФА Купот.

Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на турнирот откако го совлада Плимут со 3:1.

Сити имаше 10 шута кои поминаа над голот или надвор од него. Во ФА Купот екипите играат со топка од „Mitre Sports“.

– Обично по такви удари топката оди во голот. Оваа е тешко да се контролира. Многу фудбалери и тренери зборуваат за ова со години. Кога губите, звучи како да се жалите, но таа топка не е во ред. Ова се случува во ФА Купот и Лига Купот низ годините. За ова зборувам со години. Јас го кажав моето мислење и луѓето можат да се согласат или да не се согласуваат. Победивме, па луѓето ќе бидат помеки кон мене. Топката во Лигата на шампионите е исклучителна, топката во Премиер лигата е исклучителна, но оваа топка не е многу добра, изјави Гвардиола.

Противник на Сити во четвртфиналето ќе биде тимот на Борнмут.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новата австриска Влада стапи на должност пет месеци по изборите

Следно

Петрушевски: Дали Сокол работел по насока на СДСМ, па затоа Филипче не смее да се огради

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop