Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување

May 20, 2024
1 min read

Пеп Гвардиола призна дека следната сезона би можела да биде негова последна на чело на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ го победија Вест Хем со 3:1 на домашен терен во неделата вечерта и ја освоија рекордната четврта последователна титула во Премиер лигата и шестата за Гвардиола во седум сезони во Манчестер.

Шпанскиот стручњак има уште една година од договорот на „Етихад“ и се уште не е сигурен што му носи иднината.

-Вистината е дека поблиску сум до заминување, отколку до останување. Поминаа осум години, ме чека деветата. Во моментов, моето чувство е дека сакам да останам и следната сезона. Разговаравме со клубот, имаме време да разговараме следната сезона бидејќи треба да видам што мислат и играчите. Сакам да останам и следната сезона. За време на кампањата ќе разговараме. Но, по осум, девет години…“, изјави Гвардиола.

Тој освои се што е можно во англискиот фудбал и рече дека во еден момент се запрашал што друго може да постигне со Сити.

-Го имав тоа чувство минатата сезона кога ја освоивме тројната круна. Бевме во Истанбул и си помислив: „Готово е. Што правам овде? Нема ништо останато за освојување“. Но, јас имам договор. Јас сум тука и продолжувам да уживам во некои моменти – понекогаш сум уморен, но други многу ги сакам, додаде Шпанецот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот загина, ајатолахот има рак

Следно

СОПРУГАТА МУ КУПИ ЅВЕР ЗА КОИ ЛУДУВААТ МНОГУ МАЖИ: Ацо Пејовиќ се пофали со автомобилот вреден брдо пари, моќен е како авион! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

(Скопје, 25 март) – Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop